Кафе муабет
Облече кратко здолниште и позираше со своето момче: Погледнете каков мускулест фраер си фати Васил Гавранлиев
Васил не зборува многу за својата интимност...
Васил Гарванлиев кој ја претставуваше нашата земја на Евровизија со песната „Here I Stand“пред извесно време откри дека неговиот партнер го запросил, а сега конечно го покажа во јавност.
Васил постојано зборуваше дека е заљубен и среќен но никогаш не го откри партнерот, се до сега.
Васил на својот Фејсбук профил објави албум со фотографии на кој е заедно со негови соработници, но овој пат беше придружуван од вереникот.
За оваа пригода Васил облече кратко здолниште високи чизми и тесна маица.
Васил иако не криеше дека е вљубен, сепак кога бил запросен од партнерот истакна дека е малку шокиран од целиот настан, посебно што не очекувал да му се случи љубов.
Васил на својот Фејсбук профил имаше објавено фотографија на која се гледа кутивче од прстен, па јавноста почна да шпекулира дека тие веќе се во брак.
Денес Васил Гарванлиев е успешен оперски пејач со интернационална кариера, има настапувано со најпознатиот светски челист Јојо Ма.
-Музиката ми е животот, многу сум благодарен што од многу мал препознав за што сум роден и каков талент поседувам- изјави пред извесно време во интервју за Гламур.мк.
Вели дека телото го одржува со вежбање и пиење вода.
-Теретана. Вода. Медитација. Многу често кога сум во Скопје го започнувам денот трчајќи покрај кеј. Во Струмица теретана 5-6 пати неделно.
Покрај тоа пробувам и колку што можам да практикувам мирни моменти на дишење дури да е 1-3 минути на ден. Тоа ми помага да се проверам & слушнам самиот себеси и продолжам со денот.
Васил во интервју за британскиот магазин „Attitude“ изјавил дека да се биде хомосексуалец е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека е тешко да се зборува на таа тема.
Васил кој е роден во Струмица е и претставник на Македонија на Евровизија годинава, а магазинот наведува дека неизбежно е дека неговата сексуалност ќе стане една од најинтересните делови од приказната на 36-годишниот пејач како дел од неговиот евровизиски настап со песната „Here I Stand“.
Васил Гарванлиев откри дека на 16 години, преку писмо, ѝ го признал тоа на својата мајка. Од неа добил безусловна поддршка, за која вели дека му помогнала полесно да се справи со тоа што го чувствувал.
„Иако живееме во конзервативна земја, мојата мајка Јулија е многу модерна жена. Ми кажа дека знаела долго пред да ѝ признаам, што за мене беше шок, некој да е толку отворен и свесен. Многу сум ѝ благодарен за тоа“, кажа Васил за „Репортер“.
„Роден сум и пораснат во Македонија каде што дефинитивно не е во ред да се биде геј, или нешто од тоа. Секогаш кога ќе се вратев дома, на Балканот, во Македонија, чувствував потреба да ставам маска. Сочувствувам толку многу со сите кои живеат во страв од пресуда, дискриминација, неправда, малт-ретирање“, изјавил Гарванлиев за „Attitude“.