Кафе муабет

НИКОЈ НЕ ОЧЕКУВАШЕ ВАКВА ИЗЈАВА ОД ПРИЈОВИЌ: “Љубоморна сум, мора да родам ќерка”- пејачката откри што се случува во семејството!

Пријовиќ откри дека сака уште едно дете...

Иако ретко сака да изнесува детали за својот приватен живот, сега во емисијата „Премиера – специјален викенд “, пејачката Александра Пријовиќ реши да открие детали од своето секојдневие, како успеала да се избори со досадата за време на карантините, што најчесто прави во својот дом и како ги минува деновите без настапи и снимања.

foto: Instagram/ Aleksandra Prijovik/official

– На почетокот ми беше многу досадно, морам да признаам. Но, најдовме некои друштвени игри и јас поминав време со мојот син, игравме игри навечер, го поминував целото време дома, пред некое време почнав да шетам некаде и тоа е тоа. Имав само болки во синусот, сетилото за вкус и мирис исчезна.

Помина еден месец, но ниту вкусот, ниту мирисот не ми се враќаат, слушнав дека ќе се врати по еден месец. Сепак, еве полека се враќа – рече Александра, па се осврна на односот со нејзиниот син Александар и колку е „љубоморна“ што тој во моментов повеќе сака да го поминува времето со својот татко:

– Кој знае што ќе се случеше ако настапував и снимав. Би работела, би патувала … Со син ми поминав одлично, искрено. Навикната сум да патувам десет години, но тешко ќе се вратам на тоа – рече Александра, а потоа зборуваше за нејзиниот син Александар.

foto: Instagram/ Aleksandra Prijovik/official

– Тој е копија на тато, не ми се верува дека може толку многу да личи на неговиот татко. Тој е тврдоглав на мене. Александар е приврзан за двајцата, а сега минува низ таков период што најмногу го сака својот татко. Го фаќа период кога повеќе сака да биде со него, па потоа со мене. Постојано сме тука, иако Филип е малку позафатен, но кога ќе дојде, можам јас да заминам.

Љубоморна сум, низ смеа рече пејачката. Мислев дека синовите се повеќе приврзани за своите мајки, но тоа во моментот не е случај со мене, ќе морам да родам ќерка. Не е во план, но јас би сакала. Тој не сака да мирува, живо дете е, го носам во игротеки, шетаме, да не биде многу време дома. Тој имаше треска, јас веднаш помислив дека е корона, но му зедоа крв, ЦРП беше малку повисоко, беше некое воспаление, веднаш се исплашив, но фала му на Бога ништо …

На крајот, Александра откри колку и значат советите на нејзиниот сопруг Филип, но и што научи од сè ова што ни се случува.

– Тој е стабилна личност, тој е 10 години постар од мене и ме научи многу. Јас секогаш велам „здравјето е најважно“, но кога живеете со полн гас, тогаш не го мислите тоа. Сега здравјето е на прво место за сите. Порано би размислувала што да купа за баба ми и дедо ми кога ќе одам кај нив на гости, но сега мислам дали сум заразена, да не им го пренесам вирусот,  заклучи пејачката во емисијата „Премиера – специјален викенд “.

Инаку неодамна во едно интервју Пријовиќ откри дека се уште не планираат друго бебе, однодно дека не размислуваат за тоа бидејќи тоа не се планира..

Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ важат за еден од паровите кои живеат мирен живот. Тие не поставуваат многу фотографии од својата приватност но знаат да направат исклучок.
Таа во неколку наврати истакна дека Филип е супер татко и и помага во грижата на нивниот син Александар.

„Јас сум сигурна дека го избрав вистинскиот партнер. Филип е свесен што значи мајката за едно дете. На децата им се потребни и двата родители, без разлика на тоа дали нивните патишта ќе се разделат“, истакна таа во една прилика.

foto instagram

За време на паузата предизвикана од короната, таа истакна дека ужива со семејството и пријателите, но и откри дека работи на својот албум, во кој како што вели, нема да има дует со Лепа Брена.

foto instagram

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close