Кафе муабет

Проговори поранешната готвачка од вилата на Драгана Мирковиќ: “Време е да ја дознаете вистината за таа жена и Тони”

Само пофалби за неа...

Дека Драгана Мирковиќ ужива во луксуз сите знаат, но и со оглед на нејзиниот постигнат успех балканска ѕвезда може да си дозволи да живее на висока нога, па пејачката со семејството живее во вила во Виена.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Таа е во среќен брак со Тони Бијелиќсо кој пред две недели прославија цели 28 години брак и се синоним за хармонија и љубов. На вечна љубов се заколнаа на 28 септември 2000 година во Виена, но според нивната желба се помина без голема медиумска помпа.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Тие имаат две деца Марко и Мануела кои се трудат максимално да ја заштитат својата приватност од будното око на јавноста.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Бракот и љубовта никогаш не им беа поврзани со скандали, па така поранешната готвачка на Драгана и Тони решила да прозборе и јавно раскажала како се однесувала музичката ѕвезда со неа и како што тврди некои работи кои ги прави таа не може да ги разбере.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

-Веќе не се раѓа жена како Драгана, зачудена сум, но тоа е целата вистина – ја започна приказната готвачката и додаде:

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Толку голема ѕвезда, која може да си дозволи се, редовно, ако беше дома, доаѓаше во нашата кујна и готвеше со нас. Може да има се, и може готви… Прсти да си излижеш. Знае и традиционални српски јадења, а богами знае и да експериментира. Навистина е прекрасна, вредна, посветена и никого не гледа со презир иако може – ова во една прилика за „Скандал“ го откри готвачката Драгана Мирковиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Многу ми беше жал што престанав да работам за неа и за Тони, но морав затоа што морав да се преселам. Сакам да нагласам дека Гага е најблагородната личност за која сум работела, секогаш ни помагала на сите доколку имавме некаков проблем – заклучила таа за споменатиот весник.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Дека сака да готви и да ги извршува сите домашни обврски во една прилика потврди и самата Драгана.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Иако ужива голема популарност и живее како принцеза, таа не крие дека во својот замок во Виена пред се е мајка, сопруга, па дури и домаќинка.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Пејачката во една прилика зборуваше за секојдневните обврски и животот во своите четири ѕида.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Јас сум совршена жена, сакам се да подготвувам. Сакам тестенини, но немам проблем да влезам во кујна и да готвам. Уживам во се што е својствено за секоја жена затоа што искрено штета е жената да не знае да приготвува храна, мислам дека би требала да се срами. Не можам да кажам дека го правам сето тоа, или дека готвам секој ден, имам помош дома, но сакам да учествувам, особено кога се во прашање празниците, уживам во готвењето, почнувајќи од декорацијата..

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Сега колку сум добра домаќинка незнам, не би претерувала со тоа – рече Драгана и додаде:

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

– Јас сум апсолутно нормален човек кој сака се што на луѓето генерално им се допаѓа и правам се што прават останатите луѓе.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close