MAMA

Наместо средство за дезинфекција го зела лубрикантот на мајка си- петгодишно девојче ја посрамоти својата мајка пред целото училиште!

 

Речиси во целиот свет мерките за заштита од Ковид- 19 се исти, а тоа наложува децата кои пред извесно време ја започнаа учебната година, со себе да носат спреј за дезинфекција, заштитна маска, да држат дистанца од соучениците.

Па така една 36-годишната Луиз Хоси беше една од оние мајки кои се гордееа со своето дете на брзото навикнување на новите навики кои ги наложи пандемијата.

Имено петгодишна ќерка на Луиз Хоси, Самер постојано била дисциплинирана кога станува збор за мерките за спречување на ширење на инфекција со коронавирус.

Меѓутоа, нешто не било како што треба.

Хоси кога сфатила дека девојчето во предучилишна установа го носи лубрикантот на мајка си наместо средство за дезинфекција на рацете, засрамено падна на земја.

Иако веднаш поцрвене од срам, ситуацијата ја насмеа.

„Ја прашав зошто го носи, ми рече дека знаеше дека е мое, но дека сака само да ги дезинфицира рацете за да не се зарази“, рече Луис од Шкотска.

Мајката засрамено прашала дали и нејзините пријатели го користеле производот и повеќе се засрамила кога слушнала потврден одговор.

„Самер вели дека всушност лубрикантот (за кој таа не е свесна што е) е топол, а рацете и биле помазни“, додава мајката, која посочи дека нејзината ќерка нема да ја открие вистината додека не наполни 18 години.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close