Кафе муабет

МУСТАФА СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ ТАТКО НА МОИТЕ ДЕЦА, НО НЕМА ДА СЕ СМИРАМ СО НЕГО: Емина Јаховиќ во потрага по нова љубов- еве што бара од идниот партнер!

Пејачката искрено прозборе за врската со Мустафа

Пејачката Емина Јаховиќ го прослави својот 39 -ти роденден, па во интервју за Блиц, таа посочи  кои лекции ги научила и кои не ги знаела во дваесеттите години.

– Јас наполнив 39 години и не размислував за петтата декада. Сега кога ме прашавте за тоа тоа, малку се исплашив. Во принцип, научив многу. Бев зрела и имав 18 години, сега сум подетинеста во некои ситуации, но исто така и многу созреав. Имам измешани чувства за тоа. Она што дефинитивно ми го донесоа годините е да немам повеќе толеранција за глупостите што можев да ги издржам порано. Повеќе не обрнувам внимание на тоа што мислат и кажуваат луѓето, што е најважно од сè, затоа што единственото на што можам да се потпрам е мојата совест, која е многу јасна во секоја смисла на зборот.

 

Инаку Емина беше во брак со познатиот турски пејач Мустафа Сандал а со него ги има и синовите Јаман и Јавуз.

 

Тие го завршија бракот на мирен начин и останаа во исклучително добри односи. Двајцата напорно работат за своите синови и велат дека еден во друг нашле вечен пријател. Иако некои се надеваат дека пејачката ќе и даде втора шанса на оваа љубов, таа тврди дека тоа никогаш нема да се случи.

– Мустафа секогаш ќе биде татко на моите два сина, но ништо повеќе од тоа. Го ценам и почитувам затоа што поминав многу, многу време со него. Што се однесува до новата љубов, таа никогаш не може да се планира. Има време за се. Во моментов сум преокупирана со работата, мојата куќа и моите деца. Мислам дека сега не е време за љубов, но во принцип секогаш сум отворена за тие работи. Сепак, познавајќи се себе си и своите критериуми, нема да биде лесно – искрено рече пејачката во интервју за „Блиц“.

 

Емина откри и што треба да има мажот за да ја придобие.

 

– Мажот мора да има внатрешна сила, што ја води жената и дозволува да биде она што е. И тоа го имаат малку мажи. Без оглед колку биле богати, колку биле способни, многу малку мажи сакаат да ја видат својата жена во најдобро можно светло. Мислам дека љубовта е надополнување и бесконечно давање. Она што би сакала е искреност, смисла за хумор и таа внатрешна сила и машка енергија што и требаат на секоја жена – вели пејачката.

Не го преболе разводот!

Пејачката пред извесно време отворено рече дека се уште и е тешко поради распадот на бракот.

– Оваа година беше многу тешка за сите нас, но јас имав исклучително тешки и болни периоди во мојот живот и пред тоа. Најтежок ми беше периодот кога се разведував со Мустафа. Застанав на нозе, но секоја жена што доживеала развод знае дека тоа е нешто на кое мирисате со години – изјави пејачката за „Информер“.

 

– Сè уште не сум го надминала распадот на бракот, но време е сè да се стави на своето место. Кризата во бракот траеше долго. Ние се обидовме да го задржиме, најмногу заради децата. Колку што беше потребно да се создаде, толку требаше и да се распадне – изјави Емина во емисијата со Огњен Амиџиќ.

 

Денот на разводот за неа бил најтешкиот ден во животот

 

 

– Денот на разводот беше катастрофален за мене,  две години се подготвував за тоа. Плачев многу, а и тој. Тој тагуваше. Не плачеше, но тагуваше, видов дека не му беше лесно.

Судијата рече: „Те молам, престани да плачеш затоа што ќе го одложам судењето“ – откри тогаш пејачката.

 

Како што и самата истакнува, некако научила да балансира, па сега не реагира бурно и емотивно на проблемите. Вели дека на ова ги учи и своите синови.

 

Таа истакна дека денес многу посмирено реагира на секој проблем.

– Имам деца и се обидувам да им објаснам колку е важно да се најде рамнотежа помеѓу добрите и лошите работи во животот. Мудроста доаѓа со возраста и останува до крајот на животот – рече неодамна Емина.

 

Сака да роди девојче!

Во една прилика пејачката откри дека би сакала и по трет пат да се реализира како мајка, но откри и дека има голема желба да роди девојче, бидејќи веќе има два сина.

 

– Ако се случи, би сакалa да имам уште едно дете и би сакалa тоа да биде девојче – рече Емина, која потоа се осврна на синовите кои секој ден се повеќе созреваат. Таа рече дека и недостасува разговор со нејзините наследници на српски јазик во Турција.

 

Мустафа ја продава вилата во која живееја!

 

Моментално ниту Емина, ниту Мустафа Сандал не живеат во прекрасната вила каде ги делеа најубавите моменти во животот со своите деца.

Вилата која се наоѓа на азиската страна на Истанбул,  наводно сега, пејачот без знаење на Емина, кој по се изгледа решил да се ослободи од спомените,  сака да ја продаде вилата и овој луксузен имот, за кој таа е емотивно врзана да отиде во туѓи раце.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Емина не се согласува со ваквата одлука на Мустафа да го продаде скапиот имот, па дошло до расправија.

 

За Емина, таа куќа носи убави спомени на децата и убав период на бракот. Таа беше многу тажна кога слушна дека Мустафа ја продава вилата. Веднаш му се јавила и му рекла дека тој не треба да го прави тоа и дека тоа е куќа што треба да им остане на нивните синови. Низ солзи таа рече: „Не ја продавај вилата! Децата го сакаат тоа место, можеби дури и ќе се вратиме во неа.  Недвижноста не треба да се продава лесно! Почекај уште малку, слушај ме!, рекла Емина во телефонски разговор со нејзиниот сега веќе поранешен сопруг.

 

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close