Новости

ПОСЛЕ ДОЛГИ ГОДИНИ КОНЕЧНО Е СРЕЌНА И ЗАЉУБЕНА: Еве што велат Вељко и Анастасија за момчето на Цеца!

Цеца ја интересираат само реакциите на нејзините деца...

Веќе неколку дена на големо се пишува за врската на познатата фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) и Богдан Срејовиќ (38) кои секој ден се повеќе уживаат во својата љубов и не дозволуваат злобните јазици да им ја расипат среќата.

 

Според зборовите од блиски извори до парот, запознавањето се случило на роденден на пријателка на Цеца, а по неколку недели дружења, започнале романтична љубовна врска.

Инаку пејачката сиве овие години го држеше во тајност љубовниот живот, но сега и насмевката на лицето вели дека е среќна и исполнета.

Како што дознава „Блиц“, среќната двојка е во љубовна врска скоро два месеци, а откако заедно ја прославија Новата година, заминаа на зимовање на Јахорина.

Иако многумина коментираа бидејќи тој е осум години помлад од неа, пејачката воопшто не се грижи за коментарите од останатите.

ФОТО: Принтскрин

Таа размислува само за своето семејство, како и за тоа што ќе кажат нејзините деца Вељко и Анастасија за нејзините одлуки. Свесен дека нивната мајка е многу долго време сама, Вељко не криеше во бројни интервјуа дека би сакал Цеца да се заљуби и да биде среќна и на тоа поле.

Затоа, по објавата дека Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ се во врска, со нетрпение се очекуваат реакциите на Вељко и Анастасија.

 

– По неколку дена забава, Цеца на своето семејство му рекла дека има момче. Вељко и Анастасија за прв пат се сретнаа со Богдан на новогодишната вечера организирана од Цеца во нивниот дом. Таа одлучи да организира интимна вечера во најблискиот круг на луѓе, каде ќе ги запознае децата и членовите на семејството со нејзиниот партнер. Анастасија и Вељко, како и другите членови, многу добро го прифатија Богдан. Според првите реакции, навистина им се допаднал новиот дечко на нивната мајка. Поради ова, пејачката беше толку среќна. За неа беше многу важно да го прифатат Богдан, за да може целосно да ужива во нејзината љубов со него – открива извор за „Блиц“.

 

Инаку, Богдан е менаџер на неколку белградски ресторани и син на легендарниот спортист Милош Срејовиќ, и веќе долги години е во угостителството и е многу успешен во својата работа. Од неговото емотивно минато , секако треба да се напомене дека зад севе има брак, разведен е скоро пет години, а неговата ќерка Искра му е се на светот, и на неговиот Инстаграм профил можеме да видиме голем број на заеднички фотографии.

ФОТО: Богдан Срејовиќ / Инстаграм

По овој повод српските новинари веднаш ја исконтактираа Цеца, еве што одговорила таа за новото момче:

– Не сакам да коментирам за својот приватен живото, Догледање, кратко изјавила Цеца.

 

ФОТО: Богдан Срејовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Богдан Срејовиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Богдан Срејовиќ / Инстаграм

Разликата во годините за неа не претставува проблем

 

Според она што го објави Ало.рс од неименуван извор близок на парот, пејачката нема проблем со тоа што Богдан е осум години помал од неа, бидејќи е веќе возрасен и созреан маж и покрај разликата во годините, тие изгледаат и физички како одличен пар, посебно што пејачката го негува својот изглед и се држи за свои години.

 

-„Таа е заљубена и не го крие тоа, и прв пат по долго време е сакана и да сака некого, а љубовта и се случи потполно неочекувано“, вели изворот.

Дури и тоа што Богдан има ќерка од претходниот брак не преставува проблем за пејачката, туку напротив, тоа ги прави поблиски бидејќи и двајцата се родители, па знаат што значи грижа за децата. И бидејќи Богдан веќе е татко, нему не му е важно дали ќе има уште деца или не, а тоа ја прави Цеца поприлично релаксирана и не и создава притисок, раскажува изворот близок до парот за „Ало“.

 

ФОТО: Богдан Срејовиќ / Инстаграм

Откако ги запознал децата на својата сакана, Богдан ја запозна Цеца со својата петгодишна ќерка Искра.

 

 

Цеца целиот живот беше убедена дека на нејзините деца, по Жељко Ражнатовиќ Аркан, никој нема да биде доволно добар. Заради тоа се плашеше да не остане сама, а од тие причини и не можеше да се опушти и да влезе во емотивни врски, па и да ги запознае децата со своите партнери. Но овој пат, како што пренесуваат медиумите, пејачката собрала сила и го направила тоа, а Вељко и Анастасија биле воодушевени од Богдан, па тие предложиле сите заедно да ја прослават Новата година во нивниот семеен дом. И Цеца не се покаја заради тоа.

 

А откако веста дека Цеца е во емотивна врска се појави во јавноста, се огласи и Вељко на социјалните мрежи. Но многумина беа изненадени кога објави фотографија од својот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан со слика на круна. 

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Што сакаше да каже Вељко со овој потег засега останува нејасно, но можеби ова и нема никаква врска со неговата мајка, туку само со него, односно синот на Цеца можеби само имаше потреба да покаже пред сите дека неговиот татко засекогаш ќе остане во неговото срце и ќе биде еден и единствен.

фото Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close