Кафе муабет
Многумина не ги сакаат овие три хороскопски знаци – но тие се најдобрите!
Стереотипи за хороскопските знаци
Секој хороскопски знак е приказна за себе.
Многу луѓе имаат предрасуди за одредени хороскопски знаци и судат за тоа какви личности сте според датумот на раѓање.
За Лавот многумина велат дека е егоист, заљубен во самиот себе.
Постојат неколку стереотипи поврзани со овој хороскопски знак.
Лавовите важат за бесни егоманијаци. Кога ќе помислите на Лав, би можеле да замислите некој како се мачи додека носи 12 торби од шопинг, гледа заљубено во неговиот одраз и ве совладува во разговорот, пишува Yahoo!
Вистината е дека лавовите се креативни. Со Сонцето како владејачка планета, Лавот се надева дека ќе ја пренесе својата топлина на другите преку многубројните таленти. Овие дарежливи огнени знаци сакаат да ве мотивираат со своите зборови, да ве придвижат со својата музика и да ве воодушеват со екстравагантна изненадувачка забава. И, повеќе се грижат за тоа како ги гледате, отколку за тоа како тие самите се доживуваат.
Лавовите сакаат да бидат постојано во центарот на вниманието. Тие сакаат постојано да им се повторува дека се сакани и прифатени.
Заклучокот е дека Лавовите се само чувствителни мачиња на кои им треба дополнителна љубов.
Најчестиoт стереотип кој кружи за близнаците е дека тие се дволични.
Најчесто може да слушнете дека Bлизнаците имаат две лица, и поради тоа се лицемерни.
За нив се вели дека се топло-ладни пријатели кои ќе ги уништат вашите планови, ќе ги откријат вашите тајни и нема да престанат да зборуваат цело време.
Вистината за Близнаците е дека луѓето родени во овој знак толку многу размислуваат што е навистина доволно за двајца. Ако имате чувство дека не можат да се посветат на разговорот со вас, тоа е само затоа што имаат премногу нешта на ум.
Замислете нешто како 25 оброци сместени во мала шолја кафе. Тие се оптимисти и постојано бараат нови искуства и ќе сакаат да ви кажат сè за себе. Близнаците се всушност најдобрите слушатели. Нивната прилагодливост им овозможува да се идентификуваат и сочувствуваат со никого, без никакви предрасуди и осуди.
Стереотип за Шкорпиите е дека тие се филмски негативци. Шкорпиите се претставуваат како мистериозни суштества опседнати со одмазда. Можете да ги најдете во темни и влажни пештери додека го планираат вашиот пад.
Да навистина Шкорпиите се мистериозни и затворени во себе, но тоа не е затоа што имаат некои злобни и скриени планови. Тие бараат безбедност и сигурност пред да ви се отворат. Празниот поглед и необичниот хумор го штитат длабокиот емоционален интензитет на Шкорпијата.
Откако ќе видат дека сте искрени и доверливи, нивниот лед од надвор почнува да се топи и ве пуштаат внатре во нивното меко срце.
Шкорпиите се толку интуитивни што можеби мислите дека ви го читаат умот. Тие не се заинтересирани за површни врски и големи забави каде се водат плитки дискусии. Тие бараат вистински, интимни човечки врски. И кога ќе ги најдат, тие ќе сторат сè за да ги заштитат оние кои ги сакаат.