Новости

Еве што се случува со срцето кога носите маска – eксперимент на една докторка која ги разреши сите дилеми!

Новиот вирус донесе нови навики

Пандемијата на коронавирус, секаде во светот буквално го промени начинот на живот и воведе нови правила на однесување.

Заштитните маски станаа секојдневие, и се една од првите препораки од властите за заштита од новиот вирус Ковид-19.

Се чини дека од нив нема да може да се спасиме се додека не се најде вистинско решение, лек, за коронавирусот.

Докторката Меган Хал направила ексеримент со заштитните маски. Таа носела четири различни маски по 5 минути, за да види како тоа влијае врз нејзиниот ритам на срцето и нивото на кислород.

Вели дека за да го направи овој експеримент била поттикната од многуте соопштенија што секојдневно ги читала од различни луѓе.

Докторката резултатите ги сподели на својот фејсбук-профил по што многумина беа изненадени.

„Прочитав неколку тврдења дека луѓето не можат да дишат под маска или дека нема да ја носат затоа што нивото на кислород во крвта наводно паѓа кога ќе ја носат. Меѓу другото, прочитав дека маските не штитат од вируси и дека вдишуваме јаглерод диоксид. Не сум сигурна како некои дојдоа до овој заклучок и теорија дека вирусот ја пробива маската, но дека јаглерод диоксидот „заглавил под маската“. Во тоа име, решив да направам експеримент, пишува Хал.

Оваа докторка направила четири експерименти ја носела секоја маска пет минути и го проверувала нивото на кислород и пулсот.

Таа напоменува дека пред тестот носела хируршка маска пет часа.

Резултати:

Без маска: 98 отсто, отчукувања на срцето 64
Хируршка маска: 98 отсто, отчукувања на срцето 68
Н95 маска: 99 отсто, отчукувања на срцето 69
Н95 плус хируршка маска ( здравствените работници најчесто вака ги носат маските): 99 отсто, отчукувања на срцето 69.

Заклучокот е дека нема голема промена во заситеноста на кислородот. Можеби е непријатно да се носи, но може да дишете.

Таа ги советуваше граѓаните да ја носат заштитната маска во име на оние пациенти за кои вели дека се помали две години и се заразени.

Во нашата земја, поради бројот на заразени лица, во моментов е задолжително да се носи маска во затворен простор и во јавниот превоз.

фото независен весник

На вчерашната владина седница, прифатени се препораките за ограничување на работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен за оние што вршат испорака, како и ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Препораките за држење растојание и користење на маски број еден заштита од коронавирус?

Најдетална студија досега покажа дека ако држите дистанаца од еден метар, 2,6 отсто се шансите да се заразите од коронавирус.

Во истражувањето кое беше објавено во медицинскиот весник Лансет, три отсто се шансите да бидете инфицирани од коронавирус доколку носите заштитна маска, а заштитата на очи го намалува ризикот од инфекција на 5,5 отсто.

Истражувањето е збир на 172 студии направени во 16 земји, а резултатите даваат јасна слика дека мерката за социјално дистанцирање и покривањето на лицето ќе биде клучно во натамошната борба против коронавирусот во периодот кога повеќето земји ги попуштаат рестриктивните мерки за движење.

Меѓутоа, научниците предупредуваат дека дури и комбинацијата на маска, заштита за очи и социјално дистанцирање и натаму не пружаат потполна, 100 процентна заштита од коронавирус.

Авторите на истражувањето препорачаа дека медицинските работнции би требало да носат портабл респиратори, а не хируршки маски за „подобра заштита“, пренесува „Скај“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close