Новости
Франција и Германија во карантин- ја очекува ли и Македонија целосно затворање?
СЗО прогнозира дека ноември ќе биде најкритичен. Властите разговараат за целосно затворање
Од почетокот на пандемијата во Германија, 449,275 лица биле заразени со вирусот корона, а над 10 илјади лица починале.
Нов рекорд на заболени од Ковид-19 во Германија беше забележан денеска, кога во изминатите 24 часа беа потврдени 14.964 новозаразени случаи со коронавирус, соопшти Институтот за контрола на болести „Роберт Кох“.
Ова е најголем дневен пораст во земјата од почетокот на пандемијата.
Меркел во март, на почетокот на пандемијата изјави дека е залудно воведување на секакви мерки бидејќи тоа е само купување време, додавајќи дека мерките кои се воведуваат не се залудни.
Најефикасна работа против вирусот е факторот време за да се избегне преоптоварување на лекарите и болниците рече тогаш Меркел.
Таа посочи дека времето е од особено значење за да може научниците да истражуваат.
Денеска Меркел на состанокот со премиерите на 16 германски покраини, како што ексклузивно соопшти „Билд“ било договорено од 2-ри ноември Германија да биде во карантин кое како што објави медиумиот ќе трае четири недели.
Германија планира построги ограничувања за приватните и јавните собири а продавниците, училиштата и градинките ќе останат отворени, пишува „Билд“, но се уште нема официјални информации .
Наспроти Меркел , која воведе целосен карантин и планира затворање на рестораните, во Македонија тие се главно место за собир.
Пред извесно време беа усвоени нови мерки, со кои работата на рестораните се ограничува до 23 часот, а на маса може да седат 4 лица, исто и во домот може да има само 4 лица кои не се членови на семејството. Ова особено важи за периодот на зимските слави, кога бројот на гости се ограничува на 4 лица.
Мерките кои ги препорачавме ќе придонесат да се намали трансмисија на вирусот. Гледаме што се случува насекаде во светот со преполнување на болничките капацитети, со мерките кои се на сила сакаме да го избегнеме тоа, посочи министерот Венко Филипче.
Спроед него мерките ќе помогнат во намалување на трансмисијата на Ковид-19 во наредните два до три месеци.
Денеска Филипче одржа седница на која беше усвоен Законот за заштита на населението од заразни болести, и воедно беше усвоена мерката за носење заштитна маска на отворено која ќе стапи на сила заклучно од утре, а за непочитување на оваа мерка ќе се казнува 20 евра.
На 22 октомври Македонија достигна рекорд на починати кога 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19, а денеска има нов рекорд на заболени лица од коронавирусот.
Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19. Починати се 14 лица а оздравени 292 пациенти.
Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран. Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита, потенцираше министерот за здравство Венко Филипче.
На почетокот на месецов Филипче посочи дека доколку не се почитуваат мерките за заштита, и продолжи трендот на зголемување на бројот на заболени, Македонија ја очекува целосен карантин.
Верувам дека овој пакет на рестриктивни мерки кои се практично клучна алка ќе даде резултат. Следниот чекор е целосен карантин, или целосно затварање. Ние сме сега далеку од тоа сценарио, но тоа ќе биде следниот чекор. Добро се димензионирани мерките ако се почитуваат, на тој начин ќе го избегнеме карантинот, рече денеска Филипчe.
И Франција оди во целосен карантин
Денеска во телевизиско обраќање претседателот на Франција Емануел Макрон ја извести нацијата за воведувањето на нови построги мерки во борбата против Ковид- 19.
Тој посочи дека за да се запре вирусот мора да се воведат строги мерки, односно дека Франција мора да оди во целосен карантин заклучно од петок а се предвидува да трае до 1 ви декември.
Макрон извести дека за сега училиштата, градинките, домовите за стари лица и домовите за пензионери ќе останат отворени и за посета, а студентите ќе следат онлајн настава.