Новости

ШОК ИСПОВЕД НА ЕДЕН ДОКТОР: Правиме се што е во наша моќ за да спасиме живот, но кај некои луѓе едноставно ништо не успева!

Медицинскиот персонал веќе има искуство со лекување и третман на пациентите заболени од коронавирус!

д-р Влада Радовиќ, анестезиологот на Клиничкиот болнички центар „Д-р Драгиша Мисовиќ“ вели дека најважно во оваа пандемија и моменталниот хаос во болниците, е пациентите да стекнат доверба во докторот.

 

Foto: Ilustracija, EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

 

Тој во гостувањето на РТС, во емисијата „Белградска хроника“ истакна дека денес за разлика од почетокот кога се појави вирусот Ковид-19, се пристапува поинаку кон болеста, односно дека сега тимот на медицински лица е запознаен како пациентот влегува во болеста, во која фаза е и како може да се излечи. Посочува дека многу е важно во вистинско време да се пристапи со лекување, па поради довербата  која ја имаат во медицинските лица, многу пациенти излегоа како победнци и успеаа да го надминат коронавирусот.

 

Состојбата во белградската болница е многу тешка

 

Докторот посочува дека моментално болницата во Белград е речиси полна.

 

foto jutarnji.hr/

 

– Во моментов има над 330 пациенти, целиот еден кат од главната зграда е претворен во единица за интензивна нега. Во моментов има 44 исклучително тешки пациенти, од кои 43 се целосно зависни од кислород. Многу е тешка ситуацијата – наведува тој.

Според д-р Влада Радовиќ вирусот е непредвидлив и како што вели може да ги изненади во секој момент.

 

foto https://varazdinski.net.hr/

 

– Имате заболени млади луѓе, правите се што е во ваша моќ, се консултирате со останатите доктори, читате се што е можно од медицинската литература, но едноставно не успева и тоа е најтешко за нас. Има нешто кај еден мал број луѓе што прави болеста да се одвива лошо – вели лекарот.

Инаку и самиот тој беше заболен од коронавирусот и истакна дека се заразил и покрај тоа што постојано носел заштитна опрема.

 

И во Македонија ситуацијата е иста. Бројот на заболени секојдневно се зголемува, а болниците речиси и да се преполни.

-Важно е да се почитуваат мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостаток на медицински кадар. Се намалува преносливоста на вирусот но и понатаму, притисокот врз болниците е голем, посочи министерот Венко Филипче.

-Не очекува критичен период, мобилизиран е целиот кадар во јавно здравствените установи. Во целата зграда на интерните клиники ќе се лекуваат ковид пациенти, сите три спрата сега се целосно спремни. Спремни сме да ги ангажираме и хируршките клиники.

Правиме интерен план со повеќе директори и тоа би бил следниот чекор. Во еден момент ќе треба да ги извршуваме повторно само итните интервенции и интервенциите кај пациентите со малигни заболувања.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close