Кафе муабет

Луксузна јахта, префинета храна и кумови милијардери: Вака изгледаше свадбата на Харис и Мелина Џиновиќ

Тие се заедно 16 години ...

Харис и Мелина Џиновиќ се венчаа летото во 2014 година. Тогаш веќе ги имаа ќерката Џина и синот Кан, како и 12 годишно живеење под ист покрив.

ФОТО: Харис Џиновиќ / Инстаграм

– Рокерски сме ориентирани, па така живеевме. Бракот не мора да постои доколку чичкото од Општината го прогласи за валиден, објасни Харис.

ФОТО: Харис Џиновиќ / Инстаграм

Судбоносното „да“ го кажаа на 11 јули на луксузната јахта „Maltese Falcon“ укотвена во близина на Дубровник.

ФОТО: Харис Џиновиќ / Инстаграм

Иницијативата за официјализирање на врската била од кумата на Мелина, Славица Еклстон, поранешна сопруга на сопственикот на Формула 1, која од неофицијален разговор сфатила дека Џиновиќ официјално не се во брак. Во тој момент решила да ги земе работите во свои раце. Кум на Харис беше индустрискиот магнат Филип Цептер.

ФОТО: Харис Џиновиќ / Инстаграм

На свадбената церемонија присуствуваа триесетина гости, блиски пријатели и членови на семејството, па атмосферата беше интимна.

фото Hello magazin

– Не го одредивме точното време на венчавката, но на палубата отидовме во самрак за да ја завршиме формалноста. Немаше нервоза или трепет, карактеристични за вакви настани. Со особена леснотија го зедов презимето бидејќи од 2003 година го сметам за свое. Џина и Кан беа пресреќни, присуствуваа на свадбата на нивните родители и на тој начин доживеаја нешто од што повеќето деца се лишени – изјави Мелина, која откри и интересна анегдота.

ФОТО: Харис Џиновиќ / Инстаграм

На свадбата на бардот на народната музика главен беше диџејot кој за таа пригода допатува од Белград. На почетокот се пушташе забавна музика, а потоа на барање на присутните микрофонот го зеде младоженецот.

ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм

– Ја испеав „Shoot down the Moon“, од Елтон Џон, омилената песна на Мелина. Славица сакаше да ја слушне „Како ми недостигаш“, а сопругата сакаше да ја слушне песната на Шабан Шаулиќ „Само за неа“. Тоа беше совршен микс, кој, како што се надевавме, се поклопи со вкусот на гостите.

Фото Инстаграм/Мелина Џиновиќ

Парот посебен акцент стави на менито кое беше во рангот на најдобрите ресторани во светот. Гостите 12 часа уживаа во внимателно одбрани специјалитети, а во понудата доминираа диви риби, морски плодови, и совршено изблендирано овошје и зеленчук. Ретките француски и италијански вина и шампањи од познатите визби на Бордо само ја комплетираа гастрономската рапсодија на отворено море.

фото Hello magazin

– Дубровник беше првата станица на деветдневното крстарење. По свадбата продолживме со пловењето. Ги посетивме Пељешац, Корчула, Вис, Хвар, Сплит, Трогир… Никому не му требаше лудо време, сакавме да бидеме во добро друштво, да бидеме опуштени, да уживаме во мирот на морето, ведро небо, чист воздух и совршена храна – заклучи Харис Џиновиќ.

ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм

За потсетување, Харис е речиси три децении постар од Мелина, а токму тоа било проблем за родителите на Мелина, кои биле против нивната љубов.

ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм

– Во почетокот нејзините родители имаа страшен отпор кон нивната врска. Особено поради големата разлика во годините – изјави еднаш Харис во краткото интервју и откри дека на Мелина и било многу тешко:

Фото Инстаграм/Мелина Џиновиќ

– Се сеќавам дека и реков: Брзо ќе помине! Ќе видиш, кога ќе дознаат дека си бремена, се ќе биде поинаку! Баш така беше. Сега лудуваат од среќа што имаат внуци – откри тој, посочувајќи дека родителите на сопругата на крајот го прифатиле.

фото архива

Но Харис и Мелина и покрај сите препреки уживаат во љубовта која трае веќе 16 години, и иако е дури три децении помлада од него, тоа не им пречи тие да бидат среќни и заљубени.

ФОТО: Мелина Џиновиќ / Инстаграм
Фото Инстаграм/Мелина Џиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close