Кафе муабет

ОВА СИТЕ ГО ЧЕКАА: За прв пат се огласи Карлеуша- откри се за аферата на Душко и Софија, еве што кажа за помладата љубовница на нејзиниот спруг!

Јелена тврди дека тоа не е вистина...

Бракот на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ е на стаклени нозе откако поп дивата на Божиќ го пријавила сопругот за семејно насилство бидејќи наводно ја удрил.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Медиумите постојано пишуваат за нивниот живот, а неодамна се појави приказна дека спортистот наводно си нашол нова љубов, па го поврзаа со ќерката на Соња Вуксановиќ и Жељко Сашиќ, Софија Сашиќ.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Душко не ги коментираше овие наводи, туку Софија, кога ја демантираше целата приказна за нивната тајна врска.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

Сега после долго време конечно се огласи и Карлеуша која рече дека е шокирана од тврдењата дека нејзиниот сопруг бил во тајна врска со Софија:

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Секако, апсолутна лага е дека Душко е во каква било врска со малата Софија Шашиќ, која многу добро ја познавам, имам одличен однос со неа, нејзината мајка Соња, таткото Жељко и овие болни гадости, без никакви докази, многу ги повредија сите – напиша поп дивата на својот Инстаграм.

фото инстаграм Јелена Карлеуша

По написите за наводната афера не се огласија ниту Софија, ниту Душко а прв даде изјава нејзиниот татко, пејачот Жељко Сашиќ, кој се зачудил кога го слушна прашањето. А потоа се огласи и мајката на Софија, Соња, која за Informer.rs истакна дека информацијата за врската на нејзината ќерка со фудбалерот била нечија невкусна шега.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

По неколку дена и самата Софија реагираше на написите и истакна дека поднела тужба.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Сите тужби се поднесени, така што нема потреба од дополнителен коментар. Ако сакате да напишете нешто за мене, мојата работа и брендот, јас сум секогаш тука – истакна накратко Софија.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

За потсетување, во јавноста појави веста дека наводно Софија и 15 години постариот Душко одржуваат тајна врска веќе неколку месеци, па дури за тоа дознала и неговата сопруга.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Софија уште од мала е навикната на удобен живот. Сака патувања, брендирана облека, оди на популарни места и иако е многу млада, живее на висока нога. Сите момци досега биле ситуирани и и обезбедиле животот каков што сака – рекол изворот за „Ало!“ на самиот почеток и открил како настанала емотивната врска меѓу Душко и Софија.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

Мајката на Софија, Соња долги години е пријателка со сопругата на Душко. Тие двајца во неколку наврати се најдоа во исто друштво и потоа си се допаднаа. Секако, Софија знаела дека тој е оженет, па не сакала лесно да влегува во врска со него. Душко е 15 години постар, оженет, има две деца… – вели изворот.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Сепак, тој и тврдеше дека бракот му е на стаклени нозе, ја опсипал со внимание и таа решила да му даде шанса. И двајцата многу патуваат, па контактите најчесто ги одржуваат во странство каде не мора да се кријат таму. Заедно се неколку месеци, нивните најблиски пријатели се запознаени со целата ситуација и им помагаат да се гледаат што почесто, без да предизвикаат сомнеж. Најчесто се во некој од неговите станови – објаснил соговорникот, и открил дека сопругата на Душко дознала за оваа афера.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

– Неговата сопруга дознала дека Душко и Софија се во шема. Веднаш ја избриша од Инстаграм својата поранешна пријателка Соња и го прекина секој контакт со неа – заклучи соговорникот.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Инаку, Софија, како и нејзината мајка Соња, продава облека, а има и свој бренд. Таа е многу популарна на социјалните мрежи и често објавува фотографии од егзотични дестинации, што ги гледаат 130.000 луѓе кои ја следат на Инстаграм.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close