Кафе муабет

СЕ ЖЕНИ НАЈПОСАКУВАНИОТ ЕРГЕН ВО РЕГИОНОТ: Оваа убавица му го украде срцето на Милош Биковиќ!

Кружат гласини дека ќе стапне на лудиот камен...

Еден од најуспешните српски актери, сега и продуцент Милош Биковиќ, не само што започнал заеднички живот со Ивана Малиќ, туку планираат и свадба, јавуваат тамошните медиуми.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

Познатиот актер во текот на годината ќе прави свадба за потесниот круг пријатели на Мокра Гора. Биковиќ таму купил станови пред повеќе од една година, па во нив ќе бидат сместени сите гости. Во рамките на луксузното одморалиште, кое е целосно опремено и изработено од природни материјали, има и езеро како од бајките, каде парот ќе го каже судбоносното „да“.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Ивана и Милош претходно беа заедно во Москва, а тој моментално е таму на премиерата на неговиот нов руски филм „Сакам маж“.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Овој филм ќе ја има својата премиера во Белград на 5 март, како дел од ревијалната програма „Гала – специјална проекција“.

Во оваа реализација главната улога ја има прославениот актер, кој ќе биде претседател на жирито на главната натпреварувачка програма, а тој е и еден од продуцентите. Филмот го режираше Соња Карпуњина, филмска режисерка, актерка и сценарист од Русија.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Датумот на венчавката се уште се чува во тајност. Иако сите мислеа дека ова е само уште една во низата несериозни врски на Биковиќ, оние кои го познаваат велат дека актерот тотално се променил, дека неговиот однос со Ивана е многу пријатен и дека решил да основа семејство со неа.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Милош не ги коментираше овие озборувања бидејќи е надвор од Србија а претходно изјави дека не сака да го коментира приватниот живот.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Да потсетиме, Ивана и Милош првпат се појавија заедно минатата година на Светското првенство во бокс во Белград, а потоа и на премиерата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“. Како што пишуваа тогаш медиумите, актерот наводно започнал врска со убавата Ивана во август минатата година, само седум дена по раскинувањето со Русинката Арина Волошин, по што заминале на заедничко патување во Ровињ, во хотел со пет ѕвезди.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Инаку, беше објавена веста и дека Милош и Ивана раскинале, но како што дознаваат локалните медиуми, немало раскинување.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

За потсетување, неодамна најпопуларниот актер и миленик на женската публика Милош Брковиќ во јавноста откри дека всушност е Македонец поточно дека има потекло до Берово.

Фото Инстаграм/Милош Биковиќ

Милош за медиумите откри дека по потекло е од Македонија, односно дека неговиот дедо по татко е од Берово, и дека претходно се презивале Биковски.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

Презимето го промениле во Биковиќ, поради барањето на Тито – сите оние кои се декларираат како Срби и живеат во Србија да си го променат презимето.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

Инаку Милош откри и некои делови од приватниот живот, поточно прозборе за неговиот брат кој е монах.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

– Мојот брат отиде во манастир кога имаше 22 години, а студираше со потомците на руските емигранти кои дојдоја во Србија по Октомвирската револоција. Важно ми е да кажам дека со него зборувам како со брат, но секогаш се сеќавам дека е сепак монах кој животот му го посвете на Бога. Понекогаш во разговорите сакам да му противречам, но наместо тоа секогаш му велам „ќе размислам за твоите зборови“- раскажува убавот актер кој сега живее во Русија.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

Неговата мајка имала различен пристап кон актерската кариера на Милош.

Фото Инстаграм/Милош Биковиќ

– Нејзе мојот успех не ѝ е многу важен веруваше дека ќе станам глумец, но не ме храбреше доволно во тоа. Кога мојата кариера тргна во нагорна линија, таа ме поддржа.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

Тој откри дека од првиот голем хонорар ѝ купил стан на мајка си во Белград.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

– Растев во Карабурма, а често се селевме бидејќи немавме свој стан. Мојата фамилија некогаш била многу богата, но после Втората светска војна поради нацонализацијата изгубивме сè.
Тато некогаш беше директор на голема австриска фирма и заработуваше многу пари, но јас не живеев богат живот.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

Мојот брат го почувствува тоа- раскажа Биковиќ во интервјуто.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close