Кафе муабет

КАДЕ И ДА СЕ ПОЈАВИ КРАДЕ ВОЗДИШКИ: Иванка Трамп е вистинска убавица- има три деца а изгледа неверојатно!

Ќерката на Доналд Трамп постојано е во центар на вниманието...

Иванка Трамп е дефинитивно најблиската личност до Доналд Трамп.

Таа има 39 години и е родена во бракот на Доналд Трамп и Ивана Зелницкова. Таа на почетокот на својата кариера фантазираше да биде модел, а потоа тргна по стапките на нејзиниот татко и се посвети на својот бизнис.

 

Пред нејзиниот татко да стане претседател на САД таа лансираше сопствена модна линија. Кога Трамп влезе во Белата куќа, Иванка ја паузираше кариерата и стана советник на нејзиниот татко со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.

Ќерката на Доналд Трамп каде и да се појави е во центарот на вниманието.

Во септември таа беше на свадбена прослава на модна дизајнерка која буквално ја засени.

 

 

Иванка присуствуваше на венчавката на славната американска модна дизајнерка Мише Ноно во Рим.

Иванка ги остави сите без здив со својот долг фустан во праска боја преку кој имаше плашт, кој се врзува на вратот, во иста боја. Во прашање е фустан со потписот на модниот бренд „Galia Lahav“ во кој ќерката на претседателот на Америка изгледаше како дивите од добриот стар Холивуд.

 

 

Иванка на венчавката се појави заедно со својот сопруг Џаред Кушнер а 37-годишната Иванка многумина ја споредија со легендарната принцеза од Монако, Грејс Кели.

Таа во една прилика истакна дека клучот на нејзината убавина е во едноставноста …

Нејзините трикови за убавина, секоја жена може да ги примени.

Кога ќе го нејзиното име најверојатно прва асоцијација ви се гламур, дијаманти, високи потпетици и скапоцени фустани што и не е многу далеку од вистината. Но ќерката на Трамп има многу поедноставен стил, и тоа не само кога е облеката во прашање, туку и на начинот на кој се негува и ја подржува нејзината линија. Таа не е само успешна деловна жена, туку и мајка на три деца.

 

Иванка по секоја од трите бремености без проблем ја врати својата првобитна линија. Покрај редовните тренинзи, Иванка внимава и што јаде. За ручек и вечера обично избира протеини, како што се пилешко или риба. Нејзиниот режим на исхрана е многу едноставен – се обидува оброците да и бидат што поздрави, со помалку калории, а повторно хранливи како што е на пример супа од зеленчук. Чорбичка од грашок или брокули и се омилени. Најчесто купува органски производи, а кога станува збор за нејзините трикови за убавина воглавно секоја жена може да ги примени. Нејзините омилени три препарати за разубавување се тониран балсам за усни, руменило за истакнување на јаболкниците и пудра со заштитен фактор. Како многу зафатена деловна жена, се обидува да биде што попрактична и поедноставна кога е облеката во прашање.

 

„Она што ќе го облечам наутро, со тоа се играм и со децата на подот, ги возам во училиште и ги носам нивните торби со книги, а потоа одам на моите деловни состаноци. Гардеробата треба да работи за нас, бидејќи многу често се случува да немаме време да се пресоблекуваме“, изјави Иванка за познатиот моден портал „InStyle“.

 

 

Без накит не оди никаде бидејќи смета дека токму модните детали можат да ја зачинат секоја едноставна модна комбинација.

„Деталите се клучни. Добра чанта и убаво парче накит ненаметливите модни комбинации ги подигаат на повисоко ниво, изјави Иванка за магазинот „Harpers Bazaar“. Она што можеби е најинтересно е тоа што Иванка не користи лак за нокти. Како што откри за порталот „InStyle“ таа не става лак за нокти бидејќи е презафатена и нема време да го менува, а брзо се брише.

„Не трае ни три дена“, вели таа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close