Новости

НЕМА ДА ВЕ ОСТАВИ РАМНОДУШНИ: Сопругот на Пријовиќ објави фотографија од синот- малиот Александар од сега покажа љубов кон музиката!

Тие ретко објавуваат фотографии од нивното синче...

Сопругот на Александра Пријовиќ, Филип Живојиновиќ објави неодолива фотографија од нивното синче.

 

 

Имено Филип доби многу позитивни коментари откако објави фотографија од синчето Александар кое седи покрај пијаното и како што може да се забележи од фотографијата веќе покажува афинитети кон музиката.

 

 

Александар, во март ќе наполни две години.

Филип во описот на фотографијата се пошегува:

 

 

– Дали спиете мирно, колеги музичари?

Гордата мајка  Александра веднаш се огласи со коментар и напиша:

 „Љубов мајкина!

 

Инаку Александра Пријовиќ и нејзиниот  сопруг Филип Живојиновиќ важат за еден од паровите кои живеат мирен живот. Тие не поставуваат многу фотографии од својата приватност но знаат да направат исклучок.

 

 

Таа во неколку наврати истакна дека Филип е супер татко и и помага во грижата на нивниот син Александар.

„Јас сум сигурна дека го избрав вистинскиот партнер. Филип е свесен што значи мајката за едно дете. На децата им се потребни и двата родители, без разлика на тоа дали нивните патишта ќе се разделат“, истакна таа во една прилика.

 

 

 

За време на паузата предизвикана од короната, таа истакна дека ужива со семејството и пријателите, но и откри дека работи на својот албум, во кој како што вели, нема да има дует со Лепа Брена.

 

Уживам во секој момент во нашиот мир дома и во дружењето со семејството и пријателите. Кај нас секогаш има некое добро јадење, за кое во главно е задолжен Филип, така што пријателите сакаат да дојдат кај нас.

 

Што се однесува до тоа, дали планираат уште едно бебе, Пријовиќ откри дека не размислуваат за тоа бидејќи тоа не се планира.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close