MAMA

За оние кои живеат во зграда: На овој начин короната многу лесно може да се рашири низ становите

И покрај фактот дека никој не живеел во станот, истражувачите откриле траги од вирусот на мијалникот

Научниците открија дека вирусот корона може да се шири низ зградите, преку тоалетите и канализационите цевки, што е особено алармантно за луѓето кои живеат во станбени згради.

Откритието доаѓа од Кина, откако тамошните истражувачи зедоа брис од празен стан, во кој никој не престојуваше долго време, и кој се наоѓа веднаш под петчлено семејство, што беше позитивно на Ковид-19.

И покрај фактот дека никој не живеел во станот, истражувачите откриле траги од вирусот на мијалникот, тапа и рачката за туширање.

Ова укажува на тоа дека честичките од вирусот потенцијално излеголе од цевките на заразеното семејство и се сместиле директно во празен стан, тврдат истражувачите од кинеските центри за контрола и превенција на болести, кои ги откриле своите наоди во списанието Environment International овој месец. Еден експеримент дополнително ја потврдува нивната хипотеза.

Со користење на симулатор за набудување, научниците откриле загадени аеросоли во бањите, кои се наоѓале на 12 ката над станот во кој живеело семејството позитивно од корона. Истражувачите веруваат дека аеросолните честички влегле во нивните станови низ цевките на зградата.

Претходните студии покажаа дека покрај ширењето преку респираторните капки – да речеме, кога некое лице кашла – и во столицата може да се најде и „Ковид-19“. – Ова може да биде особено опасно за згради со заеднички системи за отпадни води – рече Лидија Моравска, директор на Меѓународната лабораторија за квалитетот на воздухот и здравјето на воздухот на австралискиот универзитет за технологија Квинсленд.

Ова откритие нè предупредува дека треба да бидеме внимателни и дека ги чистиме кујната и бањата што е можно почесто и детално, т.е. местата каде се наоѓаат цевките за одвод и канализација.

Од почетокот на пандемијата се користат многу различни лекови и се применуваат различни терапии врз пациентите заболени од ковид-19.

Постигнати се одредени резултати во лекувањето на пациентите, кои пожеби почнуваат да придонесуваат за падот на бројот на починати во болниците, но и натаму сме далеку од лекот кој ќе го излечи ковид-19 целосно, пренесува Гардијан. Ова се шест начини кои засега најмногу ветуваат.
Дексаметазон

Тоа е многу евтин лек кој постои во залихи ширум светот кој се покажа како медикамент кој може да ги спаси животите на заболените од ковид-19. Ниска доза дексаметазон му помогнала на еден од осум пациенти кои се наоѓале на респриратори во текот на истражувањето на опоравувањето од ковид кое го спроведе Универзитетот Оксфорд.

Резултатите од истражувањето се објавени кон средината на јуни, а овој стероид сега се користи како стандардно лекување на пациентите кои се во најсериозна состојба.

Податоците се сигурни зошто се добиени во најголемото истражување за опоравувањето од ковид-19 во светот, бидејќи со него се опфатени речиси сите болници во Велика Британија. Дексаметазон е стероид кој се користи 60 години, патентиран е и евтин.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close