MAMA

Епидемиолозите порачуваат: Немате причина да се тестирате, ако симптомите на Ковид 19 престанат за 14 дена

Контролниот PCR-тест не е повеќе сигурен показател за закрепнување на коронавирус

Контролниот PCR-тест не е повеќе сигурен показател за закрепнување на коронавирус, како и контролниот преглед, и за сите оние кои се загрижени дека сè уште може да бидат заразени, вели  д-р Предраг Кон  кој рече дека ова е моментот кога некој може да излезе од изолација.

– Прашањето е поврзано со моментот кога е вистинско време да се излезе од изолација. Ова е нешто што е препорака на СЗО од средината на јуни и јасно се покажува зошто се прави тоа. Ако имате симптоми, тие се најзначајни и ако престанат по 14 дена, немате причина да се тестирате специјално. Дури и да откријат позитивен наод, остатокот од вирусот што може да се најде на тестот не е вирус што е способен да зарази некого – рече д-р Предраг Кон .

– Потребни се најмалку 3 дена да бидат без никакви симптоми за да може вакво нешто да се броите. Ако некој е во изолација и е болен, па изолацијата трае подолго од 14 дена, тогаш треба да помине уште еден ден без никакви симптоми. И она што е важно е дека контролниот преглед е важен и дека е поважен од самите наоди. Прегледот е нешто што е потребно и лекарот на Здравствениот дом е оној што го исклучува од изолацијата и пишува соодветна потврда за тоа. Не треба да има причина за загриженост – рече Кон.

Според д-р Драја Кисиќ Тепавчевиќ, епидемиолог, сите земји од регионот веднаш ги прифатиле овие критериуми, а Србија го задржа контролното тестирање по болеста.

Додека земјите ширум светот се соочуваат со нагло растење на бројот на заболени од коронавирус, многу медицински експери веќе со месеци ги проучуваат пациентите кои ја прележале болеста ковид-19 за да откријат како го напаѓа телото.

Истражувањето од Ерусалим откри нешто што сите ние треба да го знаеме: 50 отсто од пациентите заболени од ковид доживуваат општа слабоста по борбата со коронавирусот, без оглед дали се работи за потешка или полесна клиничка слика.

„Најмалку половина од ковид пациентите и натаму страдаат од општа слабост и потешкотии со дишењето со недели по опоравувањето, покажуваат прелиминарните резултати од израелското истражување“, пренесува и24.

Научниците од Хонгконг го потврдија првиот официјален случај на реинфекција со коронавирус. Станува збор за маж на 30 годишна возраст кој повтоно се заразил четири ипол месеци откако првпат бил позитивен на ковид-19.

Овие научници наведуваат дека секвенците од геномот покажуваат два вида вируси „јасно различни“ што го прави прв докажан случај на повторна инфекција на светот, пишува Би Би Си.

Светската здравствена организација предупредува дека е важно да не се донесува предвремени заклучоци базирани на случај на само еден пациент.

Експертите наведуваат дека реинфекција може да биде ретка и не мора да значи дека нужно станува збор за сериозен случај.

Инаку, во светот од коронавирус заболени се повеќе од 23 милиони луѓе. Оние инфицираните развиле имунитет кој им помага во борбата против враќањето на вирусот. Сепак не е утврдено колку е силен ваквиот вид на заштита, како и колку трае имунитетот.

Универзитетот Хонгконг наведе дека мажот поминал 14 дена во болница пред да се опорави од вирусот, иако немал симптоми, тестиран е повторно позитивен во текот на проверката на аеродром.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close