Кафе муабет

Едита конечно проговори за бруталната ТЕПАЧКАТА со сестра си Инди и откри што им рекла мајка им: „Немавме среќа да помине незабележано“

Тие се во добри односи...

Познатите сестри Инди и Едита Арадиновиќ неодамна ги шокираа сите со бруталната тепачка која заврши во речиси сите медиуми.

Фото Инстаграм/ Едита Арадиновиќ

Скандалот што го шокираше целиот регион настана откако во јавноста се појави видео на кое се гледа како сестрите се тепaaт и влечат сред улица.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Информер

Немилиот настан беше снимен со мобилен, а на неа се гледа и како еден случаен минувач се обидува да ги раздели.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Информер

Едита Арадиновиќ сега на аеродром ја пречекаа новинарите а таа призна дека е во контакт со нејзината сестра Индира Арадиновиќ Инди и каква врска имаат сега.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Информер

– Во нормални односи сме. Сè е навистина во ред. Немавме среќа што помина незабележано, видеото беше заборавено по три дена бидејќи во „Задруга“ се случуваат многу поважни работи. Мама не искара – се пошегува и се осврна на соседот:

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Информер

– Не знам, се уште не сум го видела, не знам како изгледа, би сакала да го видам, љубопитна сум, имам среќа многу да ме интересира се. Зошто некој помислил да го направи тоа и дали му требаа пари. Можеби не ни знаеше кои сме. Ништо не ми е јасно, знам дека од тој ден му се затворени завесите, можеби се срами – изјави Едита.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Информер

Да потсетиме, видеото од непознат сосед протече во медиумите откако ја сними бруталната тепачка меѓу двете сестри, кои освен пцовки и викање, се удирале, влечеле меѓу себе, а јавноста останала без зборови.

Фото Инстаграм/ Едита Арадиновиќ

Едита веднаш по излегувањето на видеото кое стана вирално, се огласи на својот Инстаграм профил и откри дека не планира да го валка името на својата сестра и покрај тоа што видеото се појави во јавноста.
„Браќа и сестри! Другари и другарки. Вие душмани посебно. Се е во најдобар ред. Вие најдобро знаете како функционираат семејствата и не функционираат. Досадувате ако мислите дека таа или јас ќе дадеме некои изјави, и ќе се занимаваме со оваа глупост.

Фото Инстаграм/ Едита Арадиновиќ

Можеби до тогаш повторно ќе се испотепаме, ама сериозни, ако земеме во предвид дека тука сме како две пијандури пред супермаркет“, напиша таа.

„Како и да е ниту јас можам против неа ниту таа против мене. Што беше причината за тоа навистина треба да ве боли уво. Уживајте, ве молам“, додаде познатата пејачка.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close