MAMA

ДОКТОРИ ЗБОРУВААТ ЗА НОВИТЕ СИМПТОМИ: Тие се појавуваат пред сите други, еве како да откриете дали сте позитивни на Ковид 19

Научниците сега направија нови откритија, што може да биде корисно за рано откривање на овој вирус

Повеќе од 34 милиони луѓе се заразени со вирусот корона ширум светот. Веќе десет месеци се бориме против оваа чума, а научниците доаѓаат до некое ново знаење секој ден.

Така, на почетокот сувата кашлица и треска беа препознаени како симптоми на вирусот корона, како и пневмонија, а подоцна беа откриени и други симптоми – губење на чувството за вкус и мирис, осип на телото …

Научниците сега направија нови откритија, што може да биде корисно за рано откривање на овој вирус.Експертите од Кралскиот колеџ утврдија дека главоболките и заморот многу често се појавуваат како рани симптоми на ковид.

“Нашите податоци покажуваат дека најчестите рани симптоми на коронавирус се главоболка (82 проценти) и замор (72 проценти), во сите возрасни групи. Само девет проценти од заразените на возраст меѓу 18 и 65 години не ги пријавиле овие симптоми”, велат тие.

Сепак, тие предупредуваат дека ако некое лице ги има само овие два симптома, „не мора да значи дека станува збор за вирус на корона“.

Треска, постојана и сува кашлица, како и губење на чувството за мирис и вкус сè уште се сметаат за „најбезбедни“ знаци на ковида-19.

Доколку сте прележале коронавируси и од него успешно сте се опоравиле, поради ослабениот имунитет, голема е веројатноста дека пред другите ќе закачите сезонски грпи или други инфекции. Лекарите ги предупредуваат пациентите со послаб имунитет, посебно оние заразени од корона, дека може да им се случи тешка клиничка слика, и затоа препораката до нив е да се вакцинираат против грип, за да избегнат потешки последици.

Српскиот епидемиолог Предраг Кон истакнува дека вакцините против грип, кои неодамна пристигнаа во Србија се наменети за постари од 3 години и дека препораката е, ризичниот дел од населението да се вакцинира.

– Имаме ситуација ковид да ги намалува лимфоцитите и организмот кој претрпел коронавирус се чувствителни и на грип и останати инфекции, но јасно е дека е тоа ризик и постои сериозна препорака од СЗО дека не треба да се шегуваме со коронавирусот, предупредува Кон.

Д-р Љиљана Тимотијевиќ, дирекот на Градскиот завод за белодробни болести во Белград, вели дека граѓаните треба да се вакцинираат зошто во случај да дојде до инфекција со вирусот на грип, нивната клиничка слика може да биде поблага ако не се вакцинирале.

-Ако се вакцинираа, нема да има повторно напади врз имунитетот, како што беше со коронавирусот. Кај пациентите кои прележале корона претпоставката е и очекувано дека ќе имаат потешка клиничка слика, дека меѓу нив ќе има потенцијално поголем број кои ќе реагираат на инфекцијата на контакт со вирусот на грип, нагласува д-р Тимотијевиќ и додава:

Кај оние кои прележале коронавирус и имаат болест на белите дробови или пк, очекувано е нивниот имунитет да биде ослабен и да бидат во поголем ризик од заболување од сезонски грип.

Д-р Дубравка Салемовиќ, инфектолог од Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград вели дека вирусната инфекција може да остави последици и дека пациентите кои ја прележале короната се склони кон инфекција, вирусна или бактериска.

– Опаѓа нивото на лимфоцити, и тоа не се однесува само на ковид-19 туку и на сите вирусни инфекции кои го трошат имунитетниот систем. Кога паѓаат лимфоцитуте, паѓа и ЦД4 (помошни Т лимфоците кои им помагаат на Б клетките да создаваат антитела и фагоцити за да ги убиваат микроорганизмите) и ЦД8 (цитоксични лимфоцити, кои ги убиваат клетките во кои се наоѓаат интацелуларни микроорганизми).

Прашање е колку долго кај коронавирусот трае постинфективниот синдром, период во кој тие се чувствителни и можат повторно да добијат некоја вирусна инфекција. Не мора тоа да биде грип, тоа може да биде и некоја друга вирусна инфекција, на која се подложни поради падот на имунитетот на клетките. Тоа е нешто што и претходно сме го гледале, децата прво заболуваат од овчи сипаница, а потоа добиваат шарлах, вели докторката.

Еве кој се треба да се вакционира против грип:

-постари лица

– хронично болни

– дијабетичари

– пациенти кои имаат висок притисок

Совети од лекари за подигнување на имунитетот и заштита од вируси

– разновидна и здрава исхрана

– физичка активност

– одмарање

– физичка дистанца

– носење маски

– често миење на раце

– проветрување на просториите

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close