MAMA

Неразделни СЕ: Овие две слатки девојчиња имаат џиновски миленичиња (ФОТО)

Ова милениче се грижи за својата газдарица Мејси на овој начин

Овој џиновски зајак е ѕвезда на Инстаграм и има повеќе од 300.000 следбеници.

Ова милениче се грижи за својата газдарица Мејси на овој начин.

Џиновскиот зајак по име Какао, е голем скоро колку својата четиригодишна сопственчка Мејси Смит и тежи нешто повеќе од девет килограми.

Зајакот има повеќе од 300.000 следбеници на Инстаграм, и се движи слободно низ куќата за разлика од другите зајаци кои живеат во кафезЧестопати патувал и со своите сопственици.

Ова зајаче за жал ја загуби битката со туmорот, кој растеше околу неговото срце.

Зајачињата се многу дружељубиви животни кои се поврзуваат со својот сопственик. Доколку чувате зајаче или планирате да земете како домашно милениче, еве што треба да знаете за неговиот карактер.

• Сакаат да си играат и се интересни за набљудување.

• Се приврзуваат за сопственикот.

• Гранулите не се доволни за комплетна исхрана на зајачињата. Потребни им се доста влакна од квалитетно сено и различен свеж зеленчук.

• Подложни се на нежна дресура, доколку се потрудите. Што треба да знаете пред да набавите зајак.

• Потребен им е релативно голем кафез. А, секако, најмногу обожаваат кога се надвор од него и кога можат да уживаат во интеракција со својот сопственик.

• Зајачката урина може да има силен и непријатен мирис, па често менувајте ја подлогата.

Милениче слон

Таа е 33 години постара од неа, тежи 3.490 килограми, но девојчето и слоницата се најдобри пријатели
Индиско семејство живее со слонови. Тие ги обучуваат за работа, но и за верски церемонии.

Махут таткото на девојчето е тренер за слонови.Оваа професија е традиционална машка занимација, а момчињата им приоѓаат на животните на рана возраст, но не како оваа девојка.

Родителите велат дека не знаеле како ќе реагира слонот. Пред тоа, тие не дозволија ниту едно бебе да и пристапи, но малата Бама беше упорна. По неколку дена, тие решија да ги запознаат. Љубовта се роди на прв поглед.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close