MAMA

Мајка после царски рез: 4 работи кои НЕ сакаме да ги слушнеме

После породувањето со царски рез, постојат работи кои мајките страшно ги нервираат.

Една мајка која поминала царски рез, напишала што не сакаат мајките да слушнат во овој период. Еве што не сака да чуе секоја жена која се породила на овој начин.

1. Барем твојата вагина остана недопрена

Очигледно наградата за тоа е голема операција. Немав природно породување, но затоа магината е добра. Како ние мајките после породувањето да зборуваме само за вагината и за тоа како се чувствуваме во врска со неа.

2. Можеше да се породиш природно

Секако, сигурно одреден број жени можеле да имаат природно породување и сите сме свесни за порастот на породување со царски рез, но некои мајки едноставон немаат избор и природното породување може да му наштети на детето. Понекогаш, но не толку често, се чини дека царскиот рез е нужен.

3. Наредно можеш да отидеш на природно породување

Погрешно. Не може секоја жена после царскиот рез да оди на природно породување, иако кај некои жени ова успева. Не зборувајте им на мајките што би требало или не би требало да прават нареден пат, освен ако тоа не го каже гинеколог.

4. Се породи со полесниот начин

Многу смешно. Голема операција не е едноставен пат. Не е лесно кога одите како некоја старица од осумдесет години. Но, барем се’ да биде во ред. Детето да биде добро, а и мајката да има брзо заздравување.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close