Бебе

Што гледаат: Зошто бебињата и малите деца сакаат да си играат со огледала?

Зошто вашето бебе е опседнато со својот одраз во огледалото?

Психолозите овој феномен се обиделе да го објаснат уште во седумдесеттите години од минатиот век. Истражувачите проучувале деца во доба од 6 до 24 месеци, нацртале точка на нивниот нос, а потоа ги ставиле пред огледало.

Бебињата на својот одраз реагирале на различни начини:

  • Од 6 до 12 месеци – бебињата мислиле дека во огледалото е некое друго бебе и сакале да се дружат со него
  • Од 13 до 24 месеци – не биле сигурни кое е бебето во огледалото и не можеле да го идентификуваат
  • Од 20 до 24 месеци – во овој период бебињата препознаваат дека тие се самите во огледалото. Тие гледале во црвената точка на својот нос, наместо да го допираат огледалото, што значи дека ја сфаќаат врската помеѓу себе и својот одраз

Бебињата почнуваат да ја чувствуваат околината, а врската помеѓу огледалото и бебето е почеток на важен однос. Ова се рани чекори за разбирање на себе и околината, а во непредвидливиот свет за бебето, тоа е охрабрувачки за него.

Не само што го гради своето чувство на идентитет, туку му помага да го разбере своето тело, да ги следи објектите, да го подобри фокусот, да го следи опкружувањето, а дури помага и при говорот, затоа што го гледа одразот на сосптвените усни кога зборува.

Бебињата сакаат бебиња

Бебињата исто така сакаат огледала затоа што уште од раѓање сакаат интеракција со други бебиња. Тие едноставно сакаат звуци кои ги произведуваат другите малечки, па секогаш се привлекувани од нив.

Дури и кога мајките ги имитираат другите бебиња целосно идентично, бебињата повеќе сакаат вистински бебиња.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close