MAMA

Една студија покажува дека татковците се чувствуваат осамено во периодот на доење

Периодот на доење предизвикува доза емоции и кај татковците...

Иако татковците немаат толкава грижа за новороденчињата, како што имаат мајките, сепак, една студија открива дека тие може да имаат измешани чувства во периодот на доење. Во почетокот се чувствуваат возбудено и презадоволно, а потоа може да се чувствуваат осамено, депресивно и неспособно.

Периодот на доење може да ги блокира татковците да се поврзат со децата

Обично периодот на доење е време кога мајката се поврзува со бебето и поради тоа некои татковци може да се чувствуваат запоставено. Многу од нив мислат дека доењето го блокира нивното поврзување со бебето, па дури и со сопругата. Тоа на татковците им создава голем стрес, поради што се чувствуваат љубоморно и депресивно.

Честопати се незадоволни со себе

Чувството на исклученост кај некои татковци може да влијае и на самодовербата. Затоа што не секогаш им е овозможено во целост да учествуваат во периодот на растење на малечкото, не се чувствуваат доволно компетентни и добиваат негативни емоции, кои пак водат до кавги го сопругата.

Многу татковци веруваат дека за време на доењето нивната улога е да даваат поддршка во целиот процес. Сметаат дека е важно да се грижат и за својата партнерка, да помагаат во домашните обврски и да се грижат за постарите деца.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close