Кафе муабет

Девојчиња на уличиште учат како да сменат гума и масло- родителите воодишевени од оваа работилница!

Многумина ја пофалија оваа работилница

Веруавле или не, во Австралија, девојчињата на училиште учат како да променат гума на автомобил.

 

 

Имено станува збор за практична настава во средно училиште во Сиднеј, на која присуство пријавиле 11 девојчиња на возраст од 16- 17 години

Според „Дејли меил“, девојчињата научиле како да се однесуваат во случај на сообраќајна несреќа, како да го проверат нивото на притисок во автомобилските гуми и да го сменат маслото во автомобилот.

 

 

Идејата започна да се развива кога Галматиќ, компанија што ги подучува жените како да го одржуваат автомобилот, го контактираше колеџот Стела Марис.

Асистентoт директор на колеџот Стела Марис, Ејми Смит вели дека присутните на работилницата се многу задоволни, како и нивните родители.

„Учениците се презадоволни, велат дека наставниците се стрпливи и темелни“, истакнува Смит.

Сите се изненадени од интересот на учениците за работилниците, а коментарите на Фејсбук страницата на училиштето сведочат за нивната корисност.

 

 

“Ова е фантастично! Би сакала и јас да ги научев овие вештини на училиште. Корисно е да ги учиме девојчињата да бидат силни и независни”, вели една жена.

“Како мајка на една од 11-те учесници на работилницата, можам да кажам дека ова е за пофалба. Вие создавате безбедни возачи кои имаат знаење”, додава друга мајка.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close