Кафе муабет

Ваков луксуз не сте виделе ниту на филмовите: Драгана Мирковиќ го накити дворецот- елката во салонот го одзема здивот, а за овие детали сите зборуваат

Ужива во празничната магија...

Драгана Мирковиќ живее во луксузен дом. Во куќата на фолк дивата во Виена се е екстравагантно.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ одамна се здоби со статус на регионална ѕвезда. Иако ужива голема популарност и живее како принцеза, таа не крие дека во својот замок во Виена пред се е мајка, сопруга, па дури и домаќинка.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Пејачката сега се покажа како вистинска домакинка па се потрудила во нејзин стил да ја уреди куќата пред празниците. Во централниот дел од дневната соба стои висока и густа елка, а пејачката ја украсила во две нијанси. Домот на Драгана Мирковиќ, инаку луксузен замок во сопственост на пејачката и нејзиниот сопруг е украсен со снежно-бели детали со додаток на сребрено-сива боја.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Иако претходните години го украсуваше домот воглавно во црвени тонови, годинава пејачката реши да направи промена, па се одлучи за белата боја која дава посебна елеганција.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Пејачката постави лампиони од сите големини, пердуви и украси во форма на ангели а белите фенери на подот даваат посебна елеганција. Дополнителен украс беше мекиот килим кој ја направи зелената елка уште поубава.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Домот на Драгана Мирковиќ пред божиќните и новогодишните празници изгледа како бајка а нема сомнение дека за неколку дена домаќинката ќе почне да ја подготвува празничната трпеза околу која ќе се соберат нејзините најблиски.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Познато е дека наследниците на пејачката Мануела и Марко Бијелиќ веќе некое време не живеат со неа, поради студиите живеат во стан во Виена, но по повод католичкиот Божиќ ќе го посетат семејниот дом и заедно ќе го прослават празникот.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Истата ситуација се очекува и на 7 јануари, кога православните верници го слават Божиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Иако е на естрадата со децении, популарноста и славата не ја променија. Таа сè уште ги прави сите работи што ги научила од нејзините родители и не се двоуми да ги засука ракавите и да ги демонстрира своите кулинарски вештини во својот замок.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Јас сум совршена жена, сакам се да подготвувам. Сакам тестенини, но немам проблем да влезам во кујна и да готвам. Уживам во се што е својствено за секоја жена затоа што искрено штета е жената да не знае да приготвува храна, мислам дека би требала да се срами. Не можам да кажам дека го правам сето тоа, или дека готвам секој ден, имам помош дома, но сакам да учествувам, особено кога се во прашање празниците, уживам во готвењето, почнувајќи од декорацијата, истакна Драгана во една прилика.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Сега колку сум добра домаќинка незнам, не би претерувала со тоа – рече Драгана и додаде:

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Јас сум апсолутно нормален човек кој сака се што на луѓето генерално им се допаѓа и правам се што прават останатите луѓе.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close