Дом и семејство

Ваков луксуз нема ни во бајките – еве како изгледа домот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Домот на Кејт и Вилијам во Кенсингтонската палата

Многумина не го замислувале вака семејниот дом на војвотката од Кембриџ и нејзиниот принц

За време на пандемијата војвотката Кејт Мидлтон со својот сопруг, принцот Вилијам, синовите принцот Џорџ и принцот Луј, како и ќерката принцезата Шарлот, најголемиот дел о времето го минуваат во нивниот дом во Норфолк, иако официјална резиденција на војводата и војвотката од Кембриџ е Кенсингтонската палата, која се наоѓа во централната лондонска општина Кенсингтон и Челси.

Кралскиот пар секако дека не ја користи целата палата, туку во неа имаат свој посебен апартман. И секако дека овој апартман не е типичен. Како што пишува Кристофер Ворвик, писателот што го следи животот на кралското семејство, Кембриџови користат дури четири ката, а нивниот „стан“ не личи на ништо од она што го замислуваме кога ќе го слушнеме овој збор.

Сите кралски резиденции во Кенсингтонската палата се нарекуваат апартмани, заради што луѓето веднаш помислуваат на американските станови, но како што вели Ворвик, апартманите во палатата многу се разликуваат. Конкретно оној на војвотката има 20 соби од подрумот до таванот, но повторно не е во прашање ни мала куќа.

Палатата е градена околу три отворени површини

Резиденциите во Кенсингтонската палата изгледаат како споени куќи, но во прашање се одвоени градби, а Кејт и Вилијам живеат во апартманот 1А. Нивниот дом зазема половина од крилото во Сахат кулата и има пет простории за прием. Конкретно само во нивниот апартман има три големи спални соби, од која секоја има свој посебен тоалет, големи гардеробери за неа и него, дневни и ноќни соби за принцовите Џорџ и Луј, како и за принцезата Шарлот.

Има пет години, а веќе е највлијателна во семејството

Инаку, светските медиуми веќе одамна пишуваат дека кралицата Елизабета Втора наредната година ќе ја предаде круната најверојатно на својот син, 71- годишниот принц Чарлс, иако ваквата одлука се уште не е конечна.

Иако има само пет години, принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијамс, и принцезата Кејт Мидлтон, е многу влијателна врз кралицата.

Наводно поради неа, кралицата сакала да го одложи предавањето на круната, до после нејзината см*т.

Извор близок на кралското семејство за списанието Мари Клер истакнал дека кралицата не сака да абдицира и да му ја предаде круната на машкиот наследник бидејќи тоа не би било добар пример за нејзината петгодишна правнука, па затоа решила да ги извршува своите должности до последен момент и да го остави назначувањето на нов владетел да се случи по нејзиното „заминување“.

Извор инстаграм

Малата Шарлот, веќе пишува историја

Таа иако е четврта по ред за круната сепак е прва принцеза чие место во низата не е променето од раѓањето на нејзиниот помлад брат, тригодишниот принц Луиз. Според Договорот од Перт 2011 година, младата принцеза Шарлот, стана еднаква наследничка на круната, што не беше случај дотогаш, затоа што машките членови на семејството секогаш имаа предност пред истата.

Foto: BN TV

Со постигнување на овој договор, малата Шарлот несвесно направи пресвртница во историјата на британското кралско семејство, и токму поради фактот дека во иднина ќе има многу поголема одговорност отколку што би имала доколку не се случеше договорот, кралицата наводно сака да почека со предавање на круната.

фото Слободен Печат

За принцезата Шарлот многумина велат дека убавината и шармот ги наследила од својата мајка но ја споредуваат и со покојната принцеза Дијана, а според нејзините бунтовнички реакции, карактерот го наследила од нејзиниот чичко Хари!

Преслаткото девојче ги освои сите симпатии и на сите, па во продолжение погледнете и неколку нејзини фотографии.

Извор Инстаграм
Извор Инстаграм
Извор Инстаграм
Извор Инстаграм
Извор Инстаграм
Извор Инстаграм

IZVOR: PROFIMEDIA

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close