Дом и семејство

Вобрачниот син кој е успешен доктор не го признава, законскиот син е проблематичен, неколку пати интервенирала полицијата- Ова е Марко синот на Мирослав Илиќ и Гордана

Кармата е чудо...

Последните години во медиумите актуелна тема е фолкерот Мирослав Илиќќ и ситуацијата со неговиот вонбрачен син Девин а јавноста будно го следи секој чекор кој го прави популарниот пејач особено поради неговите изјави во врска со синот кој го доби со Мирјана Антоновиќ.

фото Фејсбук/Мирјана Антоновиќ

Многумина беа револтирани од тоа што фолкерот не го признава вонбрачниот син.

фото Фејсбук/Мирјана Антоновиќ

– На таа госпоѓа и кажав дека нејзиниот син има еден татко, а тоа е тој што го признал и кој е наведен како негов татко во документите. Но, ако тој човек повеќе не сака да му биде татко, туку јас да бидам тој, мора прво да го откаже татковството на тој господин – изјавил тој, наведувајќи дека се е во ред во семејните односи на Илиќ:

фото инстаграм/Мирјана Антоновиќ

Но според текстовите што се објавуваат во последните години, се добива впечаток дека Мирослав Илиќ има само вонбрачен син заборавајќи дека со сопругата Гордана во бракот кој трае пет децении ги добија ќерката Марија и синот Марко.

фото инстаграм/Мирјана Антоновиќ

Марија се омажила за политичарот Драган Шутановац и на своите родители им подарила две внучиња. Таа ретко се појавува во јавноста, може да ја видиме кога нејзиниот татко има концерт каде таа и нејзиното семејство најчесто го бодрат од публиката.

фото инстаграм/Мирослав Илиќ

Од друга страна, малкумина знаат како изгледа Илиќ јуниор, бидејќи тој официјално не се огласил во своите 44 години.

фото Хелло.рс

Сепак, не можеме да кажеме дека за неговото име не се слушна. За жал, не по добро. Законскиот син на Мирослав Илиќ во неколку наврати правел нереди во соседството и го нарушувал јавниот ред и мир, па полицијата морала да реагира.

фото архива

Проблематично однесување покажал и минатата година, кога во ситните часови прегласно пуштал музика во неговиот стан во Нов Белград, а потоа се обидел физички да се пресмета со соседот кој го замолил да не прави врева. Бидејќи ниту екипата за интервенција не успеала да го смири, морале да дојдат Мирослав и Гордана и некако да го убедат синот да влезе во станот.

фото инстаграм/Гордана Илиќ

Откако почнаа да се шират гласини дека Марко Илиќ е во алкохолизирана состојба, агресивен, дури и дека е приведен, се огласи познатиот пејач, познат по тоа што ретко коментира детали од приватниот живот.

фото инстаграм/Мирослав Илиќ

‒ Музиката беше прегласна, но Марко регулираше се кога дојде полиција. Не е точно дека не им ја отворил вратата, туку излегол и се договориле, објаснил дека повеќе нема да прави врева. Соседите повикале полиција, но немало ништо драматично, само врева од музика.

фото инстаграм/Мирослав Илиќ

На крајот, приказната се враќа на Девин Антоновиќ, па многумина се запрашаа зошто Мирослав не се фали со својот син кој е примерен, воспитан, а воедно и успешен лекар во Америка.

фото инстаграм/Гордана Илиќ

Интересно е да се напомене и дека во текот на повеќегодишната процедура за признавање на Девин, сопругата на пејачот Гордана Илиќ се држеше настрана, а Мирослав конечно реши да го открие својот став на оваа тема.

фото инстаграм

‒ Таа ме поддржуваше педесет години, и уште ме поддржува и јас и благодарам за тоа.

фото архива

На овој начин Мирослав негираше дека пресудата влијаела на неговиот брак.

фото инстаграм/Мирослав Илиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close