Кафе муабет
Беа најубав пар, а денес се најголеми непријатели: Мустафа прозборе за пропаднатиот брак со Емина!
Тој за еден турски портал прозборе за врската со Мелиса, со која фоторепортерите го сликаа уште во 2019 година...
Миленикот на женската публика, познатиот турски пејач Мустафа Сандал беше во центарот на вниманието со месеци откако неговата поранешна сопруга Емина Јаховиќ откри дека била принудена да поднесе тужба против него поради неисполнување на обврските кон нивните синови.
Турската музичка sвезда сега има нова љубов и, откако се разведе од Емина, започна врска со 20- години помладата Мелиса. Иако не сака да зборува за својот приватен живот, Мустафа сега откри детали за себе,
Тој за еден турски портал прозборе за врската со Мелиса, со која фоторепортерите го сликаа уште во 2019 година.
Некогаш важеше за женкар со репутација. Каква е ситуацијата сега?
– Кои? Јас не. Секогаш имав стабилни врски, можеби само се случи во некои да нема хармонична енергија. Сега сум многу среќен, во прекрасна врска со жената што ја сакам.
Што научивте од жените сите овие години?
– Многу може да се научи од жените …
Дали сте маж за брак или маж за забава?
– Треба да ја прашате Мелиса, а не мене. Нашата врска се заснова на многу љубов, сочувство и почит. Навистина сме среќни.
Тој истакна дека и покрај тоа што Мелиса има 32 години и е речиси две децении помлада од него таа разлика не се забележува бидејќи како што посочи и двајцата се срели личности и сериозни луѓе.
-Позитивната енергија што владее меѓу нас е поважна од се.
Вашата поранешна сопруга неодамна ве тужеше дека не плаќате алиментација.
– Што и да кажам, може погрешно да разберете. Така да, простете ми. Сепак, она што сакам да го истакнам е фактот дека Емина е мајка на моите деца, и јас многу ја почитувам. Што се однесува до синовите, јас сум секогаш тука за нив. Ги носам во училиште за сурфање, играме разни игри … Поминуваме квалитетно време заедно. Се е како што треба да биде.
Дали вашето пријателство со Емина ќе продолжи по сето тоа што се случи?
– Како што реков, таа е мајка на моите деца. Не очекувајте да кажам нешто што може да ја навреди неа или нашите синови.
Како татко вели дека е вљубен во своите деца потенцира дека нивната љубов и доверба се најважни за него.
Синовите останаа со својата мајка по разводот. Колку често си со нив?
– Немаме проблем со тоа, лесно се договоривме. И двајцата правиме се што е потребно за да ги задоволиме нашите деца. Се гледаме многу често.
Јаман има 13 години, Јавуз има девет години. Која е најважната работа што сте ја научиле од нив?
– Милост.
Дали ги слушаат вашите песни?
– Тие се генерацијата на Тикток. Го сакаат рапот, но и мојата музика. Синовите се првите што имаат можност да ги слушнат моите песни пред да ги објавам, бидејќи даваат објективни коментари.
За потсетување Емина и Мустафа се разведоа пред четири години но бидејќи Мустафа не ја плати договорената алиментација, пејачката правдата ја побара на суд…
– Во моментов сме на суд, па ќе видиме што ќе се случи. Јас навистина не сум тип на човек од оние кои се не дај Боже, од која било причина на суд, дури и кога имаше проблеми со новинари и медиуми, јас никогаш не одев на суд, но ова едноставно мораше. Ние не комуницираме, зборуваме само за децата, се разбира, тоа е многу важно… – рече неодамна Емина во шоуто „Премиера“.
Емина пред извесно време истакна дека нема да го прифати фактот дека Мустафа не ги исполнува своите обврски и она што тој се обврза да го покрие, кога станува збор за трошоците.
– Освен алиментација, Мустафа не ги плати ниту трошоците за летен одмор, изнајмување возила и плата на возачот, што се и негови обврски, склучени со договорот што го имаа кога го решија прашањето за алиментација и трошоци – истакна пред извесно време извор близок на парот.
– Во Турција се прошири приказна дека Мустафа не ги исполнил своите обврски само два месеца, поради пандемијата на коронарниот вирус. Сепак, сето тоа траеше 26 месеци, а тие се разведоа пред 32 месеци. Значи, голем дел од тој период сите трошоци паднаа на Емина. Таа нема да го прифати тоа – вели изворот.
– Мустафа не плаќаше алиментација за нашите синови Јаман и Јавуз повеќе од две години. Сите одговорности ми преминаа на мене. Требаше да купи куќа во Белград, но не го стори тоа. Имавме и договор за покривање на детското здравствено осигурување. Денот кога се чувствував најлошо беше кога ги однесов децата на лекар и дознав дека не им е платено здравствено осигурување – изјави неодамна пејачката.
– Не зборувам за личност чија финансиска состојба не е добра и која е во неволја. Сè во животот е за нас луѓето. Ако еден ден неговата финансиска состојба е лоша, ќе работам и за него. Но, знам дека не е. Правда има кога станува збор за мајчинството и татковството, како и за сите работи во животот. Целата моја борба не е само за мене, туку за оваа скала на правда да работи во полза на сите жени во оваа ситуација – рече Јаховиќ.