Кафе муабет

Ова е вистинската причина поради која Душко не се враќа дома, нема врска со Карлеуша!

Се посвети на работата...

Иако на Душко Тошиќ му истече наводната забрана за приближување кон сопругата Јелена Карлеуша, тој се уште не ја видел и не се вратил во семејната куќа.

Фото Инстаграм/ Душко Тошиќ

Поранешниот фудбалер не се враќа во семејниот дом за да ги смири односите со сопругата Јелена Карлеуша.

Поради деловни обврски, Тошиќ веќе извесно време престојува во Истанбул, а земајќи ги предвид вестите кои пристигнуваат од турската престолнина, сиот труд се исплател.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Имено, Душко со трансфер на фудбалери ја збогати својата успешна менаџерска кариера.

Станува збор за унгарскиот фудбалер Кевин Варга, кој благодарение на посредништвото на Тошиќ настапуваше за турскиот Кашимпаша, а ова е доказ дека Тошиќ не е во семејниот дом не поради лошите односи со Карлеуша, туку поради деловните обврски.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Сопругот на Јелена Карлеуша се пофали со деловниот успех на Инстаграм, а судејќи по насмевката на лицето на младиот фудбалер, тој е подготвен за победи и задоволен од новиот договор, а за Јелена не ни размислува.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Одлуката на Душко Тошиќ е да го стави фокусот на работа во овие турбулентни времиња, а како ќе се развиваат работите по неговото враќање во Србија, останува да видиме.

Фото Инстаграм/ Кatarinatp81

Да потсетиме, пред четири дена на Душко му истече забраната со која не смееше да и се приближува на сопругата Јелена Карлеуша која го пријавила за семејно насилство за Божиќ.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Душко прво доби забрана од 48 часа, а потоа Првото основно јавно обвинителство во Белград предложи забраната да биде продолжена за 30 дена.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Според „Курир“, судот го прифатил предлогот за истекување на забраната за пристап, а сега се чека извештајот на Центарот за социјална работа и изјавата на оштетената.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Имено, Карлеуша тогаш го пријавила Душко бидејќи фудбалерот наводно и удрил шлаканица и ја плукнал во лице, а тој тоа во својата изјава го демантираше.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Наведената мерка на Тошиќ му е изречена согласно Законот за спречување на семејно насилство.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

-Почитувани следбеници, пријатели и членови на медиумите. Обично не сакам вака да се обраќам бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се поврзани исклучиво со спортската приказна и добрите хуманитарни дела. Го следев она што повеќето медиуми го објавуваат последниве денови и затоа сум принуден да се огласам на овој начин. Како што знаете и гледате, секаде ме прикажуваат како насилник и во секој наслов сум негативна страна. Јас сум првиот од оние кои не поддржуваат насилство и никогаш не сум го употребил. Затоа сакав да знаете дека воопшто не се пронаоѓам во тие наслови на весниците! Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен каде и да е и што и да прави. Затоа би сакал да знаете дека овој пат ќе останам доследен на себе, ќе игнорирам измислици и ќе чекам да помине овој ветер против мене, изјави Душко по скандалот.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Како што се шпекулираше во медиумите една од причините за расправијата меѓу Јелена и Душко е наводно неговата врска со Софија Сашиќ.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

Наводно Карлеуша дознала дека сопругот има афера со 15 години помладата Софија и тоа било една од причините за драмата на Божиќ.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

По сите гласини не се огласија ниту Јелена ниту Душко а Софија негираше секаква поврзаност со поранешнот фудбалер.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ
фото Инстаграм/Софија Сашиќ
фото Инстаграм/Софија Сашиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close