Кафе муабет

Сопругот на Стоја си го одзеде животот- беше пронајден неколку часа по трагедијата!

Најмногу стравував за синот!

Пејачката успеа да го однесе синот на вистинскиот пат и денес тој работи во психијатриска болница и има две деца…

На самиот почеток на својата кариера фолк пејачката Стојанка Новаковиќ која во јавноста е позната како Стоја, излезе веста дека се омажила на само шеснаесетгодишна возраст, како и дека набрзо потоа останала вдовица. Меѓутоа, според медиумите, вистинската причина зошто со години била оставена сама со мало дете долги години ја криеше.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Таа еднаш рече дека нејзиниот прв сопруг почи-нал во сообраќајна несреќа по само три години брак, сепак, но сепак новинарите го посетија нејзиното родно место Перлез пред неколку години, каде дојдоа до шокантното откритие – дека првиот сопруг на Стоја се само-убил!

Жителите на ова село кај Зрењанин им рекоа на новинарите дека тој скокнал во реката каде се уда-вил, бидејќи, наводно, неговите родители не ја прифатиле пејачката како снаа. Како што велат, им пречело што таа е пејачка во паб.

Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција

– Стоја е прекрасна жена. Многу страдаше поради нејзиниот прв сопруг. Многу се сакаа. Од таа љубов се роди нивниот син. Набргу по венчавката, започнаа проблемите бидејќи родителите на нејзиниот сопруг воопшто не го одобрија бракот – изјави тогаш еден од поранешните соседи на Стоја, додавајќи дека сопругот на пејачката не сакал да живее без неа, поради што тој го одзел својот живот.

Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција

-Свекорот и свекрвата не можеа да се помират со фактот дека нивниот син дозволил неговата сопруга да биде пејачка во паб. Постојано го прекоруваа и инсистираа да ја напушти – додаде овој жител на Перлез и заклучи:

Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција

-Сите наскоро тргнаа во потрага по него и по неколку часа го најдоа мр-тов во реката. Ден по погребот, во Перлез започна да кружи приказна дека се самоубил затоа што неговите родители го имале најлошото мислење за Стоја. Тоа беше премногу голем удар за неа бидејќи остана сама со мало дете. Таа преживеа вистински пекол.

Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција

Локален свештеник исто така потврди дека првиот сопруг на Стоја се удавил.

– Тоа беше пред многу години. Луѓето велат дека тој се самоуб-ил поради неа. Ова се тешки судбини. Јас не би зборувал за таа тема – заклучува свештеникот.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

„Се омажив многу млада, на 16-годишна возраст, со човек кој неизмерно го сакав, како што тој ме сакаше мене. Јас го родив мојот син Милан на седумнаесет години и наскоро започнав да настапувам со бенд, а мојот сопруг ми даваше најголема поддршка. Таа идила траеше до мојата 19 година, кога се случи таа несреќа, тогаш сè тргна наопаку “, рече таа еднаш за Ало.

Стоја раскажа и како се случило тоа таа да остане без покрив над глава, па да побара помош од својата пријателка.

Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција

„Истиот ден кога беше погребан мојот сопруг, неговото семејство ме исфрли на улица мене и моето дете помало од три години! Јас дури и не стигнав да си ги земам работите, излегов без ништо. Моите родители ми беа премногу лути, и кога решив да се омажам ми ставија до знаење дека повеќе нема да се вратам кај нив. До доцна во ноќта, шетав низ селото и врескав и плачев гласно! Следните неколку месеци, јас и мојот син бевме кај моја пријателка.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

За Стоја може да се каже дека е тврдоглава, силна и одлучна жена а тоа и самата го потврдува. Таа постепено откако останала на улица, почнала да добива понуди со својот бенд, и полека да застане на свои нозе, за денес да биде една од најголемите ѕвезди.

„Некогаш немав што да јадам, го делев компирот со комшивката. Знаев дека сум пониска класа, но сакав да станам име и презиме, и таквата моја самодоверба ме туркаше напред“, изјави Стоја во една пригода.

Таа успеа да го однесе синот на вистинскиот пат и денес тој работи во психијатриска болница и има две деца.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Во една прилика, пред неколку години, таа призна дека во времето на страшната трагедија, најважно за неа било што ништо лошо не се случило со нејзиниот син.

Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција

– Кога излегоа насловите за смртта на мојот сопруг, тие не ме допираа затоа што повеќе се плашев за моето дете. Мојот син имаше само три години кога го загуби својот татко. Не се потресов за други работи бидејќи најдобро го знам својот живот. Само ми беше важно дали моето дете ќе го доживее тоа лошо, особено затоа што го загуби својот татко многу рано. Денес, кога сето тоа помина, јас сум во контакт со роднините на мојот сопруг. За жал, неговите родители почи-наа – рече Стоја пред неколку години.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close