Кафе муабет
Ќерката на Топалко се пофали со луксузен подарок! Го крие сопругот од очите на јавноста, а нема да верувате што и обезбеди тој (ФОТО)
Ужива во луксузот...
Ќерката на фолк пејачот Милан Топаловиќ- Топалко, Хелена Топаловиќ минатата година стапна на лудиот камен, а се чини дека сга и е смачено од се.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/helena6-2.jpg)
Судејќи по фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, бракот одлично и годи и таа со нејзиниот сопруг ужива во луксуз.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/helena24-1.jpg)
Иако не го експонира сопругот во јавноста, не бега од редовно објавување провокативни фотографии и видеа, а не се фали само со својата убавина, туку и со материјалните работи.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/helena9-2.jpg)
Имено, таа на својот Инстаграм профил покажа дека добила скап парфем од сопругот, но во следното стори откри дека добила и часовник Ролекс кој и ја краси раката а во описот на фотографијата напиша колку е среќна.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/хеленаа.png)
Според она што досега е познато, нејзиниот сопруг е бизнисмен кој поседува зграда во Дубаи, а бидејќи се заедно често престојуваат на луксузни дестинации, од каде ќерката на Топалко редовно ги известува своите обожаватели како го поминува времето.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/helena-topalovic1.png)
Да потсетиме, нејзиниот сопруг на спектакуларен начин ја запроси во Шпанија, по што се венчаа во Белград, а како што истакна Топалко во таа прилика, тој е задоволен од неговиот зет и е среќен што неговата миленичка е среќна.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/helena-1.png)
– Идеален зет е оној со кој Хелена е среќна и успешна, а јас не се сомневам во нејзиниот избор – истакна тој за Гранд онлајн.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/helena6.jpg)
Колку добро и оди на ќерката на Топалко зборува и тоа што од неодамна влезе во бизнис со недвижнини, а апартманите сама ги рекламира.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/helena2.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/helena4.jpg)
Како што може да се прочита во медиумите, наводно во прашање е бизнис „стан на еден ден“, што го започна со својот сопруг.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/helena3-1.jpg)
Инаку, убавата Хелена пред извесен период се најде во центарот на вниманието во медиумите заради наводната врска со оженет маж, по што таа се огласи и наведе дека нејзиниот партнер е разведен.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/helena13-2.jpg)
Хелена се сврши со поранешниот партнер на водителката Јелена Димитријевиќ со која има дете.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/helena23-1.jpg)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/helena21-1.jpg)
Неа порано ја поврзуваа со пејачот Слоба Васиќ, тенисерот Дамир Џумхур и други познати мажи.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/helena3-2.jpg)