Кафе муабет

Нов масакр во Србија – момче пука и не ги бира жртвите! Убиени НАЈМАЛКУ ОСУМИНА, убиецот се уште е на слобода

Отишол дома, ја замел пушката и почнал да пука во сите...

Урош Б. (21) уби осум лица, а рани 13 во масакрот во селото Дубон во близина на Младеновац, градска општина во Белград.

Тој по извршениот масакр избега од лице место и полицијата се уште трага по него. Во тек е опсежна потрага и пребарување на теренот.

Полициските единици по напаѓачот трагаат со хеликоптери и термовизиски камери, а на терен се и полициските кучиња.

Како што пренесува српскиот Блиц, во општината Младеновац се уште може да се влезе и излезе од градот, но блокирани се Дубон, Шепшин и сите околни села и во нив не може да се пристапи.

Фото: Инстаграм/ 192.рс

Осум лица кои се повредени во пукотницата кај Младеновац и кои се наоѓаат во Ургентниот центар се стабилно, додека во болницата Драгиша Мишовиќ се наоѓаат две повредени лица од 21 и 23 години, кои се оперирани, но се уште се во живото загрозувачка состојба, пренесува РТС.

Во терористичкиот напад кој се случи во четвртокот вечерта во селото Мало Прашје и Дубон убиени се осум лица.

Убиениот полицаец

Меѓу настраданите се и еден полицаец (20), неговата сестра и уште едно момче (21), а има повеќе ранети, пренесува „Телеграф.рс“.

Регионалните и светските медиуми како ударна ја пренесоа веста за масовното убиство што се случи вчера во Младеновац.

View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

Масакрот се случи во моментот кога во Србија настапи тридневна жалост заради масовното убиство извршено од страна на 13-годишниот ученик во Основното училиште „Владислав Рибникар“ кога беа убиени осум ученици и домар, а осум ученици и една учителка беа ранети.

Во тек е драматична потера за убиецот во Младеновац кој во својот крвав масакар ликвидираше осум лица, а рани 13.

Фото: Инстаграм/ 192.рс

Преку 600 припадници на полициските сили на Србија трагаат по терористот.

Мајката го затекнала својот крвав син во школскиот двор

Ред Брзата помош се наоѓаат многубројни семејства на настраданите и ранетите во пукотницата кај Младеновац.

Една од жртвите на стравичниот злочин беше затекната од неговата мајка во школскиот двор.

Како што пренесуваат медиумите, тој излегол од дома во вечерните часови за да се види со другарите во школскиот двор.

Бидејќи тој не се јавувал на телефонот на својата мајка која упорно го барала, таа се симнала во школскиот двор и го пронашла синот во крв под клупата.

Во пукотницата убиен е и полицаецот Милан Паниќ. Тој настрадал заедно со својата сестра, пренесуваат медиумите.

Урош Б. (фото: социјални мрежи)

Момчето што го изврши крвавиот пир и по кого потрагата се уште трае има 21 година и се вика Урош.

Тој по расправија во школскиот двор убил тројца луѓе, а ранил деветмина и потоа наводно продолжил да пука низ населбата.

Наводно, Урош бил во школскиот двор заедно со другарите, па по кратка расправија со убиениот полицаец отишол до својот дом, ја земал пушката и го започнал крвавиот пир.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close