Кафе муабет

Драгана Мирковиќ очајна, барала помош од Карлеуша: Тој доби рaк a таа ги ангажираше сите доктори кои ја лечеа нејзината мајка Дивна

Имаат посебен однос...

Една од најпопуларните пејачки на Балканот, Драгана Мирковиќ важи за прекрасна и многу љубезна личност.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Иако е омилена на естрадата, Драгана не се дружи со сите изведувачи. Напротив, таа избира на кого ќе го подари своето драгоцено време и се друи само со избрани луѓе. Меѓу нив се пејачките Лепа Брена и Јелена Карлеуша.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

-Од колешките од естрадата контактирам само со Брена, која е во мојот живот повеќе од 30 години. Ние две заедно поминавме низ многу убави и лоши работи. Многу сме поврзани и со неа имам посебен однос. Сакаме да зборуваме за работи кои не се поврзани со работата, туку се однесуваат на нашиот приватен живот – вели Драгана Мирковиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Иако приватно помалку комуницира со другите, Драгана нагласува дека има добри односи со сите нејзини колеги.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Мислам пред се на Миле Китиќ, Шемса Суљаковиќ, Кемал Маловчиќ. Години на познавање, дружење и работа се зад нас – тврди таа.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Драгана во последните неколку години е многу блиска со Јелена Карлеуша.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Ние две имаме специфичен однос. Два пати во животот пиевме кафе, понекогаш се допишуваме, но не можам да кажам дека сме пријателки. Имаме нешто уште поважно, а тоа е меѓусебното почитување. Понекогаш го претпочитам тоа отколку некој да ми каже „маче,“ и којзнае што зад мојот грб. Јелена како личност крајно ме изненади – вели Мирковиќ, а на прашањето зошто Драгана рекла …

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Еден мој познаник доби ра-к. На Инстаграм објавив дека му треба помош и ја замолив да објави, бидејќи дефинитивно е најследената личност кај нас на социјалните мрежи. Таа веднаш стапила во контакт со лекарите во Грција кои ја лекувале нејзината покојна мајка Дивна, како и со експерти во Турција. Ги ангажираше сите да му дадат можност на тој мој познаник да оди на многу важен преглед. Таа направи се што можеше, но за жал беше предоцна за него. Покажа колку е хумана и добра личност и колку е различна од тоа како се претставува во јавноста – изјави пејачката.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Честопати се среќаваа јавно, а Драгана беше покрај Јелена и во најтешките денови, како и во моментите кога се шпекулираше дека Карлеуша се разведува од сопругот Душко Тошиќ.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Драгана Мирковиќ и помогнала на Карлеуша да ја започне својата кариера…

Карлеуша денес е една од најдобрите стилизирани дами на музичката сцена.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Иако често сака да ја провоцира јавноста, таа знае феноменално да го претстави секое парче облека.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Нејзиниот стил се менуваше со годините, но она што е сигурно е дека отсекогаш била автентична!

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Карлеуша на 16 години изрази желба да стане пејачка. Ја имала поддршката од нејзината мајка Дивна, но немале доволно средства за нејзиниот прв деби албум.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Кога ја започнав кариерата, на неполни 16 години, тоа беше многу тешка ситуација. Балканот беше во пламен, а првиот албум го снимив во 95 година. Мајка ми позајми пари од Драгана Мирковиќ. Да! Драгана Мирковиќ ми позајми пари за првиот албум. И додека мајка ми се фаќаше за глава како ќе и вратиме 25.000 марки, бидејќи тогаш имаше новинарска плата од две марки, мене ме мачеше уште една мака – немав пари за чорапи. И кога купував ги чував, ама џабе. Секогаш некако ги закрпував и ги лепев со лак, измислувајќи некоја глупост. Се појавив на телевизија, насмеана, полна со себе, убедувајќи ги водителките и гледачите дека јас, безобразното дете од Нов Белград, сум новата Мадона. Никој не знаеше дека новобелградската Мадона крие најлонски чорапи залепени со лак под нејзиниот позајмен фустан. Годините минуваа и јас се борев како куче. Мадона од регионот стана добро позната Ј.К. и ги вратив парите на Драгана – напишала Јелена Карлеуша на својот профил пред неколку години.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close