Кафе муабет

ЧЕСТИТКИ ОД СИТЕ СТРАНИ: Тони Цетински ќе стане дедо- синот од првиот брак на спектакуларен начин откри дека очекуваат принова!

Пејачот ќе стане дедо...

Пејачот Тони Цетински (51) ќе стане дедо. Неговиот син Кристијан кој има 23 години на Инстаграм ја објави среќната вест.

Имено тој сподели фотографија од ултразвук, и соопшти на јавноста дека доаѓа неговото прво дете.

– Ни даде многу повеќе причини да дадеме се од себе и да го направиме овој живот што е можно поубав. Едвај чекаме да те запознаеме – напиша тој покрај фотографијата со ултразвук, а следбениците на социјалната мрежа му честитаа за среќната вест.

Тони го доби Кристијан во јули 1997 година, од првиот брак со Антонела Бутиган (45). А, колку е поврзан со неговиот син, пејачот покажа за неговиот 18-ти роденден.

Тони Цетински по повод полнолетството на својот син отпатувал за Штутгарт за да го изненади и да му купи гитара што му ја ветил.

– Да го изненадиш синот, и да пристигнеш во Штутгард за неговиот 18-ти роденден, без негово знаење. Непроценливо. И сега да одиме да ја купиме ветената гитара. Ако ова е најубавиот ден во животот за мојот син, знајте дека најубавиот ден за мене беше денот кога е роден. Пред 18 години па до денес. Среќен роденден сине. Тато те сака – напишал тогаш музичарот.

Потресна исповед на Цетиснки по повод несреќата

Пејачот Тони Цетински во 2017 година прегази човек во сообраќајна несреќа. Тој се уште не може да се опорави од целата ситуација која за него е мошне тешка.

И покрај се реши да собере сила и да излезе во јавноста со неговата исповед за настанот.

Цетински не присуствуваше на погребот на 62-годишниот Ибрахим Кевљанин, па затоа ја објасни причината за тоа.

– „Размислував дали да отидам, но не собрав сила. Не можам. Скршен сум. Не сум ниту во Ровињ, ниту во Истра, не сум добро. Очигледно тој момент судбински бил наменет, токму тогаш јас да поминам од таму. Не посакувам никому да му се случи она што ми се случи мене. Цел живот имам страв од автомобили, затоа што тие се нешто кое човекот само мисли дека го контролира. Не знам како повторно ќе излезам на сцена, но нема друго. Морам да пробам да одам понатаму, морам да живеам и да се занимавам со оваа работа“, призна тој.

Инаку хрватскиот пејач Тони Цетински од почетокот на пандемијата со коронавирус го привлекува вниманието на јавноста со своите ставови за вакцинацијата и за коронавирусот.

Тој е голем противник на вакцинацијата па во своите објави на социјалните мрежи тврди дека во една од своите песни ја предвидел пандемијата од коронавирус.

– Сега маските да ги симнеме сите да видиме во оваа игра кој е кој… зошто преку ноќ се урна светот. За жал бевме пророци со оваа песна, напиша Цетински кога ја објави на својот Фејсбук профил својата песна.

Неговите обожаватели веднаш го поддржаа.

„Бидејќи сме умоболен народ, желен за злоставување и тортура. Мене никој нема да ме присили“, напиша еден од фановите.

– На тоа се сетив пред неколку дена кога ја слушав песнава. Тони, ние сме телепатски поврзани, коментираше една негова обожавателка.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close