Кафе муабет

Саша Поповиќ итно опериран, семејството загрижено: Отишол на рутински преглед но завршил во операциона сала!

Одлично се опоравил...

Креативниот директор на „Ѕвездите на Гранд“ Саша Поповиќ неодамна проговори за своите здравствени проблеми и ги откри деталите од операцијата на која бил подложен.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

Имено, Сале отишол на превентивен преглед следејќи го советот на лекарот па му било соопштено дека итно треба да го оперира жолчното кесе.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

-Го оперирав жолчното кесе. Направив магнетна резонанца и потоа видоа дека морам да оперирам, па веднаш го направив тоа, што се однесува до тоа, сега се е во ред – изјави Саша за „Скандал!“, додавајќи:

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

– Штом можам да работам, се е како што треба. Одев на тие прегледи како превентивна мерка и едноставно направив се што ме советуваа лекарите – изјави Поповиќ.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

Операцијата на Саша Поповиќ помина добро, а тој по закрепнувањето се врати на работа. Иако официјално е во пензија, Сале не е на функција, поради што ја прифати функцијата креативен директор на популарниот музички натпревар.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

-Кога се пензионирав и кога го продадовме „Гранд“ имав многу слободно време. И сега, првиот месец без работа, си мислам леле колку е убаво, вториот месец исто, третиот месец во ред, а веќе четвртиот се фатив за глава – истакна Саша.

фото инстаграм/Саша Поповиќ

Веќе по четвртиот месец Саша Поповиќ сфатил дека пензијата нема да му биде толку интересна и дека не може само да мирува бидејќи е навикнат постојано да работи.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

– Три години сум во пензија, но бидејќи не можам да живеам без работа, се уште ги водам „Ѕвездите на Гранд“. Баба Ванга ми кажа дека ќе умрам на 86 години, што значи дека имам уште 18 години да уживам. Решив да го искористам тоа време за да возам автомобили што ми се допаѓаат. Најмногу ми се допаѓа џипот „Мерцедес МЛ“ од 2007 година, кој го купив од Германија – изјавил Поповиќ за „Информер“.

фото принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close