Кафе муабет

Ништо од свадбени ѕвона: Дарко Лазиќ раскина и со оваа девојка- низ солзи ја молел да му се врати, ова е причината поради која го оставила

Наводно се смириле...

Дарко Лазиќ во неколку наврати зборуваше дека е лудо заљубен во Катарина а воедно посочи и дека таа е вистинската за него и дека со неа ќе остари.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Сепак, како што побјавија српските медиуми пејачот и неговата девојка неодамна раскинале, а сето тоа е поради неговата поранешна девојка со која кратко бил пред Ката.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Дарко и Ката не се разделуваат, секогаш се заедно и така им е најубаво. Но, Дарко настапуваше во странство, а Ката остана во Нови Сад. Потоа се сретнал со поранешната девојка која дошла во клубот да го слуша Дарко. Таа била со другарките и во одреден момент отишла зад сцената да го поздрави пејачот. Се шокирал кога ја видел, но убаво се поздравиле бидејќи не се разделиле како непријатели, па таа  побарала да се фотографираат а таа фотографија подоцна ја објавила на Инстаграм и напишала “Кога ќе останеш во одлична врска со бившиот”. Дарко се врати во Србија, а на Ката не и кажа дека бившата била на неговиот настап. Меѓутоа, некој и испратил слика на Катарина и кога ја видела таа навистина се шокирала и се налутила. Таа го нападна Дарко и му рекла дека сигурно бил со неа штом молчел. Се случи сериозна расправија и Ката рече дека е готово и го напушти станот – истакна изворот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Дарко се изгуби, почна да плаче и да се колне дека ништо не направил. Ја повикал мајка си Бранка и ја замолил да и се јави на Катарина и да ја убеди да се врати во станот, но таа не сакала да го направи тоа! Потоа му сврте и на братот на Ката а таа дури утревечерта се врати и се согласи да разговараат. Му рекла никогаш повеќе да не крие такви работи од неа бидејќи на тој начин ја губи довербата – заклучил изворот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Го изгубиле бебето?

Неодамна медиумите на големо шпекулираа дека Катарина била бремена. Наводно по враќањето од Дубаи, Катарина со денови трпела силни болки во пределот на стомакот, а по прегледот и анализите било утврдено дека мора итно да се оперира, пренесува Република.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Катарина му се пожали на Дарко штом се вратија од Дубаи каде беа на одмор неколку дена. Тоа беше и нивниот мини меден месец по тајната венчавка. Таму се било во ред, никому не кажале за бременоста бидејќи беше рано, а по враќањето во Србија почнале проблемите – ја раскажал приказната извор близок на парот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Катарина најпрвин мислела дека имала труење од храна додека била во Србија но сфатила дека има проблем од друга природа, пренесува Република.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

-Им беше многу тешко, Дарко само и се јави на мајка си Бранка да ја извести бидејќи таа беше една од ретките кои знаеја дека Катарина е бремена. Почнал да плаче, но докторот објаснил дека компликациите во тој период од бременоста не се воопшто ретки и дека тоа е ризик кој секогаш постои. Кога се завршило, Лазиќ и предложил на Ката повторно да отпатуваат некаде за да и ги пренасочи мислите бидејќи била во депресија, но таа не сакала – заклучил соговорникот за Република.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close