Новости
Цеца е на седмо небо – погледнете го романтичниот подарок што го доби од Богдан
И двајцата уживаат во љубовта
Цеца од Богдан доби подарок и веднаш се пофали со него
Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ секојдневно ужива во љубовта со својот Богдан Срејвиќ за што сведочат и нивните фотографии.
Имено тие во последно време се речиси нераздвојни, па воопшто не чуди што во нејзиниот дом и Денот на вљубените дојде порано.
Пејачката од саканиот доби прекрасен подарок и веднаш се пофали со убавиот гест на својот фраер.
Таа објави видео на својот Инстаграм профил со кое пред фановите се пофали со подарокот што го доби од Богдан.
Таа од него доби чоколаден букет, а таа напиша „Љубов“.
Потоа и Богдан ја сподели истата објава.
Да потсетиме, Цеца и Богдан врската ја започнаа при крај на 2020 година, а во јавноста не кријат колку уживаат во љубовта.
Тие пред неколку дена се вратија од зимување на планина каде беа заедно со ќерката на Богдан, Искра.
По овој одмор, тие заедно отпатуваа на следна дестинација кога Цеца ја објави и првата заедничка фотографија.
Деновиве со свој коментар за нивната врска се јави и Саша Ковачевиќ, пејачот кој сега е во врска со поранешната сопруга на Богдан.
Саша и Цеца покрај тоа што се колеги, тие се и блиски пријатели, а пејачот е во добар однос и со нејзиното ново момче.
Еве што изјави тој:
„Зорана и Богдан отсекогаш биле и останале во одличен однос. Тоа не го коментирам бидејќи не сакам да влегувам во туѓи животи. На мене ми е драго ако тој и Цеца се вљубени, а тоа е најубавата работа што на човек може да му се случи, покрај децата“, истакна Саша за порталот „Србија данас“.