Кафе муабет

Што да им подарите на хороскопските знаци за Денот на вљубените?

Ако сакате да развеселите драга личност, консултирајте се со астрологијата.

Ако не знаете како да израдувате сакана личност, тогаш дознајте кој хороскопски знак е и тоа ќе ви ја олесни потрагата за идеален подарок.

Овен

Не можете да погрешите ако изберете средства за нега на косата.

Бик

Претставниците на овој знак сакаат ароматични парфеми, шише добро вино, квалитетен паричник, ЦД со омилената песна.

Близнаци

Идеален подарок за нив е книга од омилениот писател, брендирани наочари за сонце, парфем, телефон, таблет, лаптоп, затоа што сакаат да бидат во тренд и во тек со сите случувања.

Рак

Квалитетни пијалаци, посебно вино, миризливи свеќи, рамки за слики, антиквитети, но и домашни миленици. Дамите сакаат накити со бисери, свила, крзно и цвеќе.

Лав

Ја ценат убавината и уметноста, па сигурно ќе се развеселат со карти за премиера, уметничка слика, шише добро вино. Дамите нема да останат рамнодушни ако добијат брендирана облека, златен накит, ташна од познат дизајнер, квалитетна шминка, но и плишана играчка.

Девица

Не сакаат само убави, туку и практични подароци. Може да изберете рачен часовник, интересна книга, таблет, лаптоп, мобилен телефон, домашно милениче.

Вага

Елегантни се и уживаат во се’ што е убаво. Концерт, омилено цд, козметика за коса, елегантен шал, ракавици, миризливи свеќи, бонбоњери, буќет цвеќе со посвета, накит…

Скорпија

На мажите купете им шише добро вино, јакна или кошула со потпис од омилениот дизајнер, а на жените добра облека од чипка, фустан, парфем, маскара и цвеќе.

Стрелец

Идеален подарок е сувенир, ламба или интересно парче накит, спортска облека. Понежниот пол ќе се воодушеви од ракавици, наочари за сонце, голема ташна и домашно милениче.

Јарец

Сака практични подароци, а добар избор е книга, паричник, делови за компјутер, парфем, каиш, ташна, чевли. Дамите ќе се израдуваат и со цвеќе, накит и марами.

Водолија

Ако сакате да ги оставите без здив претставниците на овој хороскопски знак, изберете нешто модерно. На пример, најновиот модел на мобилен телефон, фотоапарат, камера, направете компилација од омилените песни или купете парфем, козметика за коса, пегла за коса, чорапи и цвеќе.

Риби

Може да изберете уникатен привезок, книга, фотоапарат, а женските претставници на овој хороскопски знак сакаат високи потпетици, шминка, накит и цвеќе.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close