Новости

Фолкерката помина низ животна драма – бебето го хранеше со сонда, а после долго време објави прва фотографија!

Познатата пејачка шест месеци поминуваше низ пекол

Познатата пејачка, Надежда Биљиќ го роди својот син во седмиот месец од бременоста.

Таа пред извесно време реши со своите фанови да покаже за прв пат и како изгледа малиот Лонго.

Надежда се оствари во улогата на мајка, во март годинава, кога го роди момчето Лонго.

Бебето сака да стане, мајка му го сака, тој само се врти“, напиша Надежда покрај сликата што ја објави на Инстаграм..

Надежда отворено проговори за тешкиот период низ кој поминувала последните месеци од бременоста.

Фото Glossy.Espresso.rs

 

Фолкерката роди дете на 12 март по итен царски рез. Лекарите се потрудиле да го спасат малото момче кое тежело само еден килограм и 300 грама.

Фото Glossy.Espresso.rs

Малиот Лонго денес е надвор од животна опасност, но Надежда сепак го храни со сонда.

– Поминав низ вистински пекол откако се породив. Не би ја посакала таа болка и тага дури и на најголемиот непријател. Лекарите мораа итно да ме породат во 31-та недела од бременоста, бидејќи шеќерот ми беше 26. Тие направија итен царски рез среде пандемија на коронавирус.

Бев одделена од синот четири месеци. Ниту јас, ниту Тома не можевме да го видиме. Морав да седам дома додека моето бебе беше во болница само, без мене. За прв пат го видов кога заврши вонредната состојба. Го погледнав низ стаклото, срцето ми се скрши. Можете ли да ги замислите тие маки и болката. Пролеав море од солзи – се сеќава Надежда, која дури и сега не може да се воздржи од плачење.

Фото Glossy.Espresso.rs

 

-Јас сè уште го хранам со сонда. Има неразвиен хранопровод, не може да голта самостојно и затоа се храни со цевка. Цевките одат од неговиот нос до стомакот и во нив ставаме млеко со шприц. Тој е мојот мал борец! Неодамна наполни шест месеци, а тежи само четири килограми и 30 грама. Ги  потенцирам тие 30 грама затоа што сум благодарна на Бог за секој грам што го накачува. Иако неговата тежина е мала, лекарите веруваат дека тој напредува убаво и дека е здраво бебе.

Еве како изгледаше пејачката на почетокот на својата кариера…

 

 

Пејачката постојано го менува својот изглед, и е една од оние жени кои уживаат во промени. Таа често експериментира со својата коса.

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close