Брак

Драга ќерко, кога ќе размислуваш за брак треба да го знаеш ова- искрено писмо од една мајка!

Писмо од една мајка која посвети писмо на своите три ќерки

На нејзиниот блог jillianbenfield.com таа пишува за верата, бракот и родителството.

Ова е кратко, но прекрасно писмо што и го напиша таа на својата ќерка, но вели дека е посвета на сите мајки кои имаат ќерки.

Во продолжение ви го пренесуваме нејзиното писмо во целост.

 

 

Мое драго девојче,

Кога зборуваме за брак, ние честопати користиме изрази како што се „и тие живееле среќно заедно засекогаш“. Но, животот не е секогаш исклучиво среќа.

Постојат многу моменти кои изгледаат како мирна, чиста вода потоната во сонцето. И ти посакувам како мајка, да те следат што е можно повеќе вакви денови.

 

Но, исто така е вистина дека никој не го напушта овој свет без претходно да плови по турбулентните мориња.

Кога ќе почнеш да размислуваш за брак, се надевам дека ќе избереш некој што ќе ги прави среќни твоите денови, но исто така се надевам дека тоа ќе биде некој со кого ќе можете да страдате заедно, кога ќе дојдат такви денови.

 

Се надевам дека ќе пронајдеш некој што ќе биде подготвен да направи се за тебе, но и ти да возвратиш со иста мера. Се надевам дека ќе пронајдеш некој што може да те стави над себе. Дека ќе го пронајдеш  оној што ќе се обиде да ги оствари твоите соништа, и ти неговите.

И, ако ја пронајдеш таа личност, драга девојко, се надевам дека ќе те сака толку искрено и толку многу што ќе може да сфати дека те повредил кога ќе го стори тоа. Се надевам дека ќе најдеш партнер со кој ќе најдете утеха еден во друг дури и кога ви е најтешко.

 

Драга моја, би сакала животот да наликува на бајките што ги читаме пред спиење, но бидејќи не е така, се надевам дека ќе најдеш некој што ќе те сака безусловно, исто како што ти ќе го сакаш, да се држите за рака и да бидете тука еден за друг кога ќе ви се чини дека сè друго се распаѓа.

Со љубов, мама!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close