Дом и семејство

Таму каде што има деца, нередот е нормална состојба

Газиме по играчки, ги туркаме, па ги прибираме...

Кога стануваме родители, времето спаѓа во еден од најголемите непријатели. Денот започнува со станување и подготвување со рекордна брзина. Притоа, често се изговара: те молам, ајде, побрзај, облечи се, исклучи телевизорот, побрзај, те молам исчешлај се…

Тогаш следува вообичаеното лудило кое започнува во раните утрински часови, а постои и позитивно лудило во текот на викендот. Но, време никогаш доволно. Но, една мајка решила да го промени својот став. На гости ја викнала пријателката со нејзиното дете, а за тоа ѝ требало време за да собере храброст, затоа што во нивниот дом било вистински неред.

Никако не смее да се дозволи гостите да влезат во кујната: Полно садови за миење, шпоретот не е исчистен одамна, но добро, барем подот е чист, и тоа е нешто… Но, што ако сака некој да си ги измие рацете? Бањата е во ред, но има трагови од крем за тело…

Детската соба не заслужува коментар. Затоа, времето спаѓа во најголемите непријатели на родителите, затоа што едноставно не можат да постигнат ништо. Откако мајката собрала храброст и донела гости во нивниот дом, сфатила дека има многу поважни работи во животот, од постојаното средување и преуредување на куќата.

Нередот станува нормална состојба во домот каде што има мали деца и тоа е секаде така. Се гази по различни работи, се собираат играчки, повторно се расфрлаат… тоа е реалноста. Кој ќе се осуди да тврди дека може и подобро – чекаме докази!

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close