Кафе муабет

ТАА МУ ГИ ИЗЛЕЧИ РАНИТЕ ПО РАЗВОДОТ: Ја остави Емина и си фати 20 години помлада девојка- Оваа убавица е новата љубов на Мустафа!

Мустафа веќе извесно време е во врска со атрактивната русокоса

Пред околу две години Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал ставија крај на нивната љубов, а тоа резултираше со развод.

Иако пејачката во неколку наврати изјави дека се уште и е тешко поради разводот, изгледа Мустафа успеа да ја преболи па си најде утеха во атрактивната русокоса, Мелиса Шутуруп.

 

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал инаку ги имаат синовите Јаман и Јавуз и поради нив тие останаа во пријателски односи и таа блискост честопати носеше нови шпекулации за нивното помирување, но сега изгледа дека нема ништо такво бидејќи Мустафа реши да продолжи со животот и да се посвети на нова љубов.

Првата фотографија со Мелиса, Мустафа ја објави на својот Инстаграм профил и напиша:

 

фото инстаграм

„Се додека изгледате вака…“, а многумина забележаа дека покрај убавата Мелиса, пејачот изгледа посреќно од кога било.

 

 

Мелиса ги стави иницијалите М.С во описот на својот профил на Инстаграм. што ги претставува иницијалите на имињата на неа и на Мустафа.

Па изгледа и покрај тоа што Емина се уште пати поради разводот, Мустафа живее живот како никогаш до сега.

 

Емина Јаховиќ во потрага по нова љубов

 

Пејачката пред извесно време го прослави својот 39 -ти роденден, па во интервју за Блиц, таа посочи кои лекции ги научила и кои не ги знаела во дваесеттите години.

 

 

– Јас наполнив 39 години и не размислував за петтата декада. Сега кога ме прашавте за тоа тоа, малку се исплашив. Во принцип, научив многу. Бев зрела и имав 18 години, сега сум подетинеста во некои ситуации, но исто така и многу созреав. Имам измешани чувства за тоа. Она што дефинитивно ми го донесоа годините е да немам повеќе толеранција за глупостите што можев да ги издржам порано. Повеќе не обрнувам внимание на тоа што мислат и кажуваат луѓето, што е најважно од сè, затоа што единственото на што можам да се потпрам е мојата совест, која е многу јасна во секоја смисла на зборот.

 

Иако некои се надеваа дека пејачката ќе и даде втора шанса на љубовта со Мустафа, таа тврди дека тоа никогаш нема да се случи.

 

– Мустафа секогаш ќе биде татко на моите два сина, но ништо повеќе од тоа. Го ценам и почитувам затоа што поминав многу, многу време со него. Што се однесува до новата љубов, таа никогаш не може да се планира. Има време за се. Во моментов сум преокупирана со работата, мојата куќа и моите деца. Мислам дека сега не е време за љубов, но во принцип секогаш сум отворена за тие работи. Сепак, познавајќи се себе си и своите критериуми, нема да биде лесно. Мажот мора да има внатрешна сила, што ја води жената и дозволува да биде она што е. И тоа го имаат малку мажи. Без оглед колку биле богати, колку биле способни, многу малку мажи сакаат да ја видат својата жена во најдобро можно светло. Мислам дека љубовта е надополнување и бесконечно давање. Она што би сакала е искреност, смисла за хумор и таа внатрешна сила и машка енергија што и требаат на секоја жена– искрено рече пејачката во интервју за „Блиц“.

Пати поради разводот!

 

Пејачката пред извесно време отворено рече дека се уште и е тешко поради распадот на бракот.

 

– Оваа година беше многу тешка за сите нас, но јас имав исклучително тешки и болни периоди во мојот живот и пред тоа. Најтежок ми беше периодот кога се разведував со Мустафа. Застанав на нозе, но секоја жена што доживеала развод знае дека тоа е нешто на кое мирисате со години – изјави пејачката за „Информер“.

 

 

– Сè уште не сум го надминала распадот на бракот, но време е сè да се стави на своето место. Кризата во бракот траеше долго. Ние се обидовме да го задржиме, најмногу заради децата. Колку што беше потребно да се создаде, толку требаше и да се распадне – изјави Емина во емисијата со Огњен Амиџиќ.

 

 

– Денот на разводот беше катастрофален за мене, две години се подготвував за тоа. Плачев многу, а и тој. Тој тагуваше. Не плачеше, но тагуваше, видов дека не му беше лесно.

Судијата рече: „Те молам, престани да плачеш затоа што ќе го одложам судењето“ – откри тогаш пејачката.

 

 

Емина во една прилика посочи и дека доколку повторно ја најде љубовта со која би сакала да има дете, сака тоа да биде девојче.

 

– Ако се случи, би сакалa да имам уште едно дете и би сакалa тоа да биде девојче – рече Емина, која потоа се осврна на синовите кои секој ден се повеќе созреваат. Таа рече дека и недостасува разговор со нејзините наследници на српски јазик во Турција.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close