Кафе муабет

ЌЕРКАТА НА ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ Е ВИСТИНСКА УБАВИЦА: Убавината ја наследила од мајка си која ја нарекуваат српска Моника Белучи!

Актерот се гордее со своите деца и сопругата...

Актерот Драган Бјелогрлиќ со години ужива во хармоничен брак со сопругата Маја, која е поранешна манекенка.

Тој го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста, но фактот што синот Алексеј исто така стана актер, ја заинтригира јавноста која сакаше да дознае нешто повеќе за целото негово семејство, па многумина се прашуваа како изгледа и неговата ќерка.

Драган и Маја  се сретнаа во 90-тите години на сет на реклама за мебел и веднаш се појвија искри меѓу нив. Не долго после тоа, тие започнаа врска, а подоцна и стапија во брак во кој ја добија ќерката Миа и синот Алексеј, кој тргна по стапките на неговиот татко и се запишаа на ФДУ, специјализирајќи се во актерството.

 

Во една од домашните серии, тој ја доби својата прва улога и играше со одлични актерски имиња.

Мајката Маја е нивната најголема поддршка, а таа каде и да се појави привлекува внимание, особено заради нејзината убавина и витка линија.

Публиката често ги избираше Драган и Маја за најшармантната двојка на јавната сцена, како поради физичкиот изглед, така и поради харизмата со која пленат и двајцата.

Со работата како модел, Маја почнала да живее сама многу рано. Поминала четири години во Париз, а потоа се сели во Виена.

Таа работеше за агенцијата “Форд” и беше на насловните на списанијата Мари Клер и Ел,  имаше значајни претставувања на ревии, но честопати доаѓаше во Белград, бидејќи запиша и дипломираше англиски јазик и литература.

Поради убавината и цртите на лицето српските медиуми ја викаа Моника Белучи.

На јавноста малку ѝ е познато и како изгледа ќерката на Драган Бјелогрлиќ зошто таа не се експонира во медиумите.

Ќерката на Бјелогрлиќ избегнува да се истакнува во јавност, па живее како и повеќето свои врсници – сака да патува, да го поминува времето со пријателите и да се дотерува, но неизбежен е фактот дека многу наликува на својата мајка од која ја наследила целата убавина.

 

Драган Бјелогрлиќ неодамна откри една тајна од снимањата на култната „Ајде да се сакаме“ каде глуми и најголемата југословенска ѕвезда Лепа Брена.

 

Лепа Брена пред повеќе од три децении заиграла во филмот „Ајде да се волиме“ заедно со Драган Бјелогрлиќ кои сега открива интересни детали од снимањето.

– Бидејќи Брена немаше актерско искуство, јас и реков се да правиме реалистично и да нема фолирање и дека тој бакнеж треба да го направиме онака како што треба.

Се сеќавам дека режисер беше Станко Црнобрњо и викаше „Стоп, стоп, Брено полека малку“ Сериозно ја сфати таа улога бидејќи беше сериозен професионалец и се правеше 100 посто, но во филмот влезе таа поблагата верзија на бакнежот, кој не беше вистинскиот, открива Драган Бјелогрлиќ.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close