Кафе муабет
Со ова издание Каролина Гочева го “запали” Белград: Сите зборуваат за овој фустан- пејачката ги маѓепса присутните со својот изглед
Каролина блесна на доделувањето на MAC наградите...
Македонската убавица Каролина Гочева во раните 2000-ти, беше едно од најпрепознатливите имиња во регионот.
Нејзиниот раскошен глас се слушаше далеку, а сите ја паметиме по соработката со непреболениот ангел, Тоше Проески со кој ги испеа песните „Помогни ми“ и „Немир“.
Тие двајца беа едни од најпознатите македонски ѕвезди во регионот.
За жал, кариерата на Тоше ја прекина сообраќајна несреќа во која го загуби животот, но таа ја продолжи својата серија на успеси.
Каролина продолжи да реди успеси, но многу повеќе го промовираше својот музички вкус во Македонија, а публиката во регионот немаше многу можности да ја види.
Каролина Гочева пред неколку дена беше една од многуте ѕвезди кои се појавија на доделувањето на MAC наградите и воодушевија со својот стајлинг.
Пејачката за таа прилика облече проѕирен долг фустан со длабоки шлицови и шлицови на ракавите и длабоко деколте.
Каролина покажа дека и понатаму одлично се грижи за својот изглед и изгледа феноменално.
View this post on Instagram
Посебен детал беше ефективната огрлица со сини детали која и на целата комбинација и даде екстраваганција која е со македонски потпис (Марјан Бебекоски).
Пејачката целата комбинација ја дополни со шпиц чевли во зелена и сина боја.
Фустанот кој го носеше Каролина е со потписот на македонската дизајнерка Јована Филиповиќ и сите се согласни дека пејачката во него изгледаше феноменално.
Што се однесува до фризурата, Каролина ја крена косата нагоре и уште повеќе го истакна нејзиното прекрасно лице со есенцијалната шминка која се состоеше од сина сјајна сенка.
Новинарите ја праша за нејзиниот интерес за етно музиката и дали е задоволна од нејзинте последни музички проекти во овој жанр, на што Каролина одговори:
„Всушност издадов два албуми, во етно џез фазон, и многу сум задоволна од нив. Тоа кај нас помина многу успешно, има песни што останаа за сите времиња, така што навистина сум горда на овие мои проекти“.