
Владеењето на најемотивниот хороскопски знак започна на 21 јуни, кога Сонцето влезе во знакот на Рак, кој ќе остане се’ до 21 јули. Овој период се одликува со зголемени емоции и сентиментално расположение. Сонцето во знакот на Рак генерално им одговара на повеќето знаци, затоа што полесно ги искажуваат своите чувства и полесно остваруваат блискост со саканите личност.
Меѓутоа, одредени хороскопски знаци не се справуваат баш најдобро под притисок на силни емоции, а еве за кои станува збор.
Лав
Факт е дека летото е нивното омилено годишно време, но почетокот на јули на овој хороскопски знак ќе му донесе внатрешен немир и голема демотивација. Се препорачува овој период да го поминете сами со себе и во мир и тишина да размислите за своите чувства. Само на овој начин ќе бидете во состојба да ги наполните своите батерии. Често ќе бидете збунети, ќе имате измешани чувства и изразена нервоза. Лекот е во природата и медитацијата.
Стрелец
Во месец јули Стрелците ќе бидат под силно емотивно влијание на владеењето на Ракот. Потиснатите чувства ќе им претставуваат голем товар, што ќе резултира со страв, напнатост и неизвесност во емотивните односи. Клучот е да ѝ се отворат на саканата личност и да ги кажат своите тајни и незадоволства кои ги кријат во себе. Од голема важност е да не ги потиснуваат своите чувства и проблеми, туку да се ослбоодат и да ги споделат со личностите на кои им веруваат.
Овен
Овните ќе бидат преплавени со емоции и од особена важност е да најдат мир самите со себе, да размислат за се’ што им се случува и самите себси да си ги признаат своите грешки и пропусти. Тоа не значи да бидат самокритични, туку да се ослободат од се’ што им создава напнатост. Овните имаат изразена емоционална интелигенција и токму тоа треба да биде нивното главно оружје.
Кои се поважни датуми во месец јули?
4 јули – Тука ќе владеат нервоза и лошо расположение и овој период не е поволен за напредок. На овој датум обидете се да бидете смирени.
7 јули – Комуникацијата ќе се подобри и подобро ќе можете да ги решавате проблемите кои порано ви изгледаа премногу тешки.
12 јули – На овој ден обрнете внимание на вашата емоционалност. Тогаш се можни недоразбирања и можно е да доживеете компликации на секое поле. Бидете особено внимателни, зашто можни се дезинформации.
13 јули – Овој ден носи добри вести, ќе владее љубовта и ќе се чувствувате среќни. Не дозоволувајте неважни работи да ви го уништат уживањето.
23 јули – На овој ден сонцето влагува во Лав. Ќе размислувате позитивно, ќе почувствувате промени, ќе бидете исполнети со страст и позитивни мисли.