Кафе муабет
Со неа беше во брак пред Лепа Брена: Ова е првата сопруга на Боба Живојиновиќ (ФОТО)
Тие се во добро семејни односи...
Поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ пред бракот со пејачката Лепа Брена беше во брак со Зорица Десница. Заедно го добија синот Филип, а се разделија неколку години подоцна.
Десница подоцна се омажи за поранешниот кошаркар Иво Накиќ со кој доби син и ќерка и се пресели во САД, а Боба се ожени за најпознатата пејачка на Балканот и со неа доби два сина Виктор и Стефан.
И покрај разделбата, Боба и Зорица останаа во добри односи, а Брена и Зорица се исто така во пријателски односи.
И додека едни велеа дека Брена наводно била причината за пропаѓањето на бракот на Зорица и Боба, други зборуваа за неа со почит, бидејќи таа секогаш била тука за Филип и го гледала буквално како да му е родена мајка.
Имено, пред извесно време Лепа Брена објави фотографија од семејниот ручек каде Боба и таа беа заедно со Иво и Зорица Накиќ.
– Семејството – стои во описот на фотографијата, која јасно говори за врската на Лепа Брена и првата сопруга на Боба.
Филип, синот на Боба и Зорица се ожени со пејачката Александра Пријовиќ во 2018 година, а снимките од венчавката покажаа дека поранешните партнери можат да им послужат како пример на другите во нивните врски.
Боба тогаш изјавил дека отсекогаш сакал ќерка и дека желбата сега му се исполнила додека Брена на социјалните мрежи јавно им ја честита свадбата.
Боба и Брена пред две години беа и на крштевката на синот на Филип, Александар, а Живојиновиќ и Накиќ често поминуваат време заедно на патувањата.
Јавноста често пати ја нарекува Пријовиќ, снаата на Лепа Брена, но тоа не е навистина така бидејќи Брена не е вистинска мајка на Филип.
Филип Живојиновиќ често објавува фотографии на Инстаграм со неговата мајка, која, како што вели, е неговата најголема и безусловна љубов.