Кафе муабет

Се е спремно за ГАЛА ПРОСЛАВАТА: Цела естрада слави- нема да верувате колку чини една порција, се е на ниво, за ова со денови ќе се зборува…

Утре се жени синот на Сузана и Сале...

Во четврток, поточно утре, Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ ќе направат гала прослава во ресторан во главниот град на Србија, бидејќи нејзиниот постар син од првиот брак Даниел се жени со својата долгогодишна девојка Тијана.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

Двајцата се запознале во „Гранд продукција“, каде тој работел како тонец, а таа се уште е вработена како шминкерка.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

Дека ќе биде луксузна и незаборавна свадба покажува и фактот што младенците и нивните родители се грижеле за секој детал.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

Поради тоа што речиси сите пејачи биле зафатени за време на викендот семејствата решиле да направат забава во четврток.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

Семејството Поповиќ го избрало најскапото мени, од 85 евра по човек, каде ќе има богата услуга. На гостите ќе им бидат послужени повеќе од 20 видови сирење, пршута, домашни производи, неколку видови месо, печени производи, морски плодови, прилагодена исхрана (веганска и вегетаријанска), како и најскапите вина и жестоки пијалоци.

фото нстаграм/Сузана Јовановиќ

Салата ќе биде уредена по нивна желба. Идните сопружници живеат заедно, а двете семејства добро се согласуваат.

фото нстаграм/Сузана Јовановиќ

Се очекуваат повеќе од 300 гости, главно пејачи од естрадата.

Сузана и Саша ги изнесоа своите деца на вистинскиот пат, а пејачката, како што вели, имала среќа што го запознала Поповиќ, кој го прифатил Даниел за негово дете.

фото нстаграм/Сузана Јовановиќ

Нивната ќерка Александра, особено се радува за венчавката.

фото нстаграм/Сузана Јовановиќ

– Александра е пресреќна. Јас сум под најголем стрес, а овие мои деца како да не прават свадба, флегматични се, се тоа полека. Секогаш кога ќе им се јавам да ги прашам дали завршиле со организацијата, тие само велат: „Мамо, се е под контрола, опушти се“. Младенците навистина не сакаат ништо големо и спектакуларно, и двајцата се скромни, но на крајот списокот се проширува бидејќи не можете а да не ги повикате луѓето на чии забави сте биле. Колку и да дојдат, сите се добредојдени, само се да биде добро. Ваква веселба е еднаш во животот, им реков на син ми и на снаата: „Еднаш правам свадба нема повеќе“ – објаснила Сузана.

фото нстаграм/Сузана Јовановиќ

Пејачката вели дека е презадоволна од својата снаа.

фото нстаграм/Сузана Јовановиќ

-Таа е толку едноставна девојка што со неа никогаш немаше никаков проблем. Кога некој е скромен, едноставен и нормален, тогаш ништо не е тешко. Таа е многу вредна и внимателна, на почетокот и давав само совети во врска со Даниел, како да го направи тоа или не, но сето тоа се мали нешта. Како и секоја мајка, за доброто на децата и нивната среќа, затоа што ние сме најсреќни кога децата се среќни и кога добро се сложуваат.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

– Им реков да поработат на тоа прашање (за дете), но тие млади имаат само некои обврски и чекаат да ги завршат. Им кажав дека додека кројат планови, тој горе им се смее. Им реков правете дете додека јас и Сале сме помлади да ви помогнеме а потоа што сака нека биде- заклучила пејачката.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

За потсетување, на 17-годишна возраст, Сузана се омажи за својот прв сопруг, хармоникаш, на кого му роди син Даниел, на 18-годишна возраст.

фото Архива

Сепак, оваа љубов не траеше, па Сузана се разведе само по седум месеци отккао се породи и се врати во семејната куќа. За време на овој краток брак, таа го роди синот Даниел, на кого нејзиниот втор сопруг Саша Поповиќ секогаш му беше како татко.

фото архива

– Кога се разведовме јас и неговиот татко, тој имаше седум месеци, па затоа и не знаеше што се случува. Никогаш не сум рекла ништо против неговиот татко, верувам дека Бог ќе ни суди на сите еден ден и дека секој ќе го добие заслуженото во животот. Ја имавме таа среќа, или несреќа, што таткото на Даниел воопшто не праша за него. Дури кога Даниел започна основно училиште, неговиот татко се сети да се јави и да праша за здравјето на неговиот син. Од друга страна, Даниел исто така не праша никогаш за неговиот татко, тој едноставно не чувствуваше потреба. Мојот син и јас сме пријатели, тој знае дека секогаш може да смета на мене и на Саша- рече во една прилика Сузана за „Стил магазин“.

фото инстаграм/Саша Поповиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close