Кафе муабет

НИКОЈ НЕ ОЧЕКУВАШЕ ВАКВА ПРОМЕНА: Снежана Ѓуришиќ со нов имиџ- фановите изненадени, велат изгледа 15 години помладо!

Таа сепак остана русокоса...

Снежана Ѓуришиќ важи за една од најубавите жени во регионот.

Таа знае како да се грижи за себе и секогаш изгледа беспрекорно, а тоа го докажа и овој пат.

Имено фановите беа изненадени од промената која ја направи пејачката.

Ако до сега ја знаевме со кратка руса коса, таа сега се реши за долга коса со локни а доби и многу позитивни коментари, дека  изгледа многу помладо.

фото Мондо.рс

Долгите сини прамени се нешто што дефинитивно не го очекувавме на Снежана и таа потполно ги воодушеви фановите.

„Малку промена, затоа што жената на моја возраст нема избор, па обично тоа е само фризура и шминка“ – рече Снежана.

Foto: E-Stock

Снежана се грижи за целокупниот изглед, покрај различните третмани, нега на лице и тело, таа исто така редовно вежба, но и се грижи за исхраната.

фото мондо.рс

“Неодамна го објаснив своето однесување кога станува збор за тежината. Јас сум некој што е хедонист, па има и осцилации во килограми. Изгубив многу килограми во ’92, додека живеев во Америка, и тоа беше на начин за кој веќе имам зборувано. Оттогаш, се грижам осцилациите да не бидат големи, редовно вежбам со фитнес инструкторот Даниел во на мојот дом, одам на разни третмани што одговараат на кожата на мојата возраст, се грижам за себе…

 

Најубавиот накит е задоволството и жената е најубава кога е сакана и кога сака “- изјави Снежана.

И кога веќе прозборе за љубовта, да потсетиме дека пејачката ретко зборува за својот љубовен живот, но неодамна во гостувањето во емисијата Магазин ИН пејачката за прв пат реши отворено да прозбори за нејзината кариера, но и за приватниот живот.

Таа со години е во врска со гинекологот Вања Милошевиќ, но ретко зборува за врската во јавноста. Таа истакна дека бракот и документите се сосема неважни, бидејќи тие уживаат во љубовта…

“Вања е позната личност во доменот на неговата професија, појавувајќи се во медиумите. Нашата врска е нешто што е приватно, каде одиме, одиме заедно, правиме договор. Сè што работи како што треба.” “Знаеме која е вредноста и што е важно.Бракот и документот е неважна, и двајцата размислуваме така. Јас бев во брак 36 години и кога го загубив сопругот мислев дека љубов никогаш повеќе нема да се случи. Фала му на Бога што се случи, уживавме во ова, формалностите се секундарни, не се важни “, рече Снежана.

„Зошто луѓето треба да упаѓаат во туѓ живот? Срамота е да се зборува на грд начин за некој што се однесува пристојно и не прави ништо лошо. Јас и Вања сме возрасни и уживаме во врска која никогаш не загрозува никого, а мојата пристојност, воспитание и верувања не ми дозволуваат да искажам нешто повеќе, ниту пак сакам “, изјави Снежана.

Во една прилика таа откри дека Вања и се допаднал бидејќи бил голем џентлмент, но ја освоил и со изгледот, а подоцна се родила и љубовта и сега нема никакви проблеми.

– Во ниедна секунда не беше нападен, ни безобразен, ниту во нешто да претеруваше. Тој начин и пораки, тоа е вонсериски. Мислам дека тој е нешто најубаво, ова денес не е ништо, ова модерно додворување. Кај младите сега има проблеми со недостиг на комуникација, и затоа јас сум прибилигирана што на свои години доживеав некој така шмекерски и џентлемеснаки да ми се додворува и да ми се случи љубов, шо не е ни малку честа појава, истакна пејачката.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close