Кафе муабет
СОРАЈА СЕ ОГЛАСИ ПО ПОРОДУВАЊЕТО! Најпознатата старлета стана мајка, роди син на кој му даде необично име- откри како се чувствува во новата улога
Сораја стана мајка на малиот Кан...
Старлетата Сораја Вучелиќ се породи вчера во болница во Швајцарија и роди момче на кое му го даде името Кан!
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/600434_soraja_iff.jpg)
Породувањето на Сораја помина без проблеми, а наследникот доби највисоки оценки од лекарите.
Новопечената мајка се чувствува одлично, а само мал број на блиски луѓе знаат дека пристигнало нејзиното прво дете.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/561559_screenshot-43_f.jpg)
– Сораја е пресреќна! Таа стана мајка и сега целиот нејзин свет е подреден на новата улога на родител. Таа е маѓепсана од своето бебе. Не го пушта синот. Се заљубила во него од првиот момент кога го видела – вели извор близок на Вучелиќ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/561558_screenshot-42_iff.jpg)
Сораја се породила во болница во Швајцарија, но нејзиното семејство ќе живее во Русија, пишува Курир.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/soraja-bh.png)
– Во Цирих ја водеше бременоста со избраниот лекар, но наскоро ќе одлетаат за Москва, каде што ќе живеат. Доаѓа рускиот пасош на бебето и таму ќе биде нивниот дом. Ги затвори социјалните мрежи и врти нов животен лист – заклучува изворот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/soraja-hg.png)
По породувањето се огласи и старлетата и откри како се чувствува.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/soraja-k.png)
– Ви благодарам многу за вашите искрени желби, се чувствувам убаво, бебето е супер, и јас сум супер, се помина добро. Не би коментирала повеќе, се надевам дека ме разбирате, сакам што повеќе да уживам во овој момент, но ќе има можност да се дружиме и да разговараме за се – изјави Сораја.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/soraja-m.png)
Да потсетиме, Сораја Вучелиќ, учесничка во реалните шоу емисии рано останала без мајка, растела во Домот за незгрижени деца, а подоцна била префрлена во старателско семејство. Дури подоцна во текот на животот воспоставила комуникација со таткото.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/sorajas-ny.png)
Се родила во Книн во 1986 година, а нејзината мајка Анка родителите ја исфрлиле од куќата кога дознале дека е бремена зошто не се согласувале со нејзиниот избор. Иако прво се преселиле во Бар, Анка немала од што да ја издржува ќерката па ја дала во дом-семејство во Војводина.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/2073295_screenshot-44_ls.jpg)
Поради далечината, средбите на мајката и ќерката не биле возможни, па така Анка после неколку месеци Сораја ја сместила во Дом за незгрижени деца „Младост“ во Бијела. Додека престојувала во Бијела, била вистински мал бунтовник и знаела да се избори со проблематичните момчиња, речиси и им парирала, и никој не смеел да ја закача. Имала, своја мала „банда“ и тинејџерите ја почитувале.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/сораја-мјд.png)
Подоцна Анка и Сораја успеале да воспостават добар однос со семејството на Анка, но мајката се разболела и починала кога Сораја имала само 17 години.
Старлетата после тоа одлучила да се отсели во Белград и да се избори за себе.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/сорана-ѕдхдј.png)
Првпат се појави во „Големиот брат“ во 2011 година, а тоа го искористи за својата натамошна кариера.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/сораљја-тт.png)
Додека престојуваше во реалното шоу, за разлика од останатите учесници, кои како контакти оставаа телефонски броеви од членовите на своето семејство, Сораја бидејќи нема мајка, а таткото не сакаше да го експонира, остави телефонски број со својата тогашна најдобра пријателка која ја потврди нејзината приказна.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/02/сораја-тр.png)
Се зборува дека Сораја до сега имала повеќе од 8 естетски зафати, а првиот го направила во 2010 година кога ги зголеми градите.