Кафе муабет

,,СИТЕ ПРИКАЗНИ ТАЖНИ СЕ КО ОВАА’’ – Игор Џамбазов и Илина ставија крај на врската

Парот официјално не е веќе заедно...

 Уште од првиот ден кога објавија дека се во врска, познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов и познатата алпинистка Илина Арсова станаа омилени во јавноста.
Фото/Принтскрин
Илина Арсова успеа да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.
Фото/Принтскрин
Фото/Принтскрин

Помладиве нешто се многу јаки во инбокс, а кога ќе застанат очи во очи не знаат да бекнат. Значи не се плашете да ги искажувате своите чувства, особено кон жените и ќе ја злоупотребам говорницава во име на тоа: „Илина Арсова, -љубов моја, те сакам – напиша Џамбазов на доделувањето на наградата Маж на годината.

Фото/Принтскрин

Во своето последно интервју за Женски Магазин Илина искрено говори за престојот и докторските студии во Америка, за односот со колегите, роднините и со саканиот, Игор.

Фото/Принтскрин

Таа веќе неколку месеци го живее својот сон. За заминувањето на докторските студии, вели дека добила неизмерна поддршка од блиските, а меѓу нив секако и Игор Џамбазов, нејзиниот партнер. Кога чувствува носталгија за дома, Илина тоа го искажува на нејзин, специфичен начин, на Инстаграм, поинаков од Игор кој создаде своја дијагноза, нарекувајќи ја Илинопатија. Илина за Женски магазин раскажа за предноста на студиите во Тенеси, и за патувањата кои ѝ се приоритет.

Фото/Принтскрин

Постојано им ги споделувам убавините на Македонија на моите колеги и студенти. Но навистина ми недостига социјалниот живот во Македонија. Кога не сум на факултет, обично  сакам да ги практикувам истите работи како во Македонија. Односно  одам да качувам карпи, посетувам изложби, пливам и пешачам, искрена е Илина за Женски Магазин.

Фото/Принтскрин

 

Таа сподели дека нејзините блиски го очекувале ова, бидејќи знаеле за планот за докторските студии.

,,За Игор ова можеби беше и шок, иако тој вешто го крие тоа и секогаш ми дава неизмерна поддршка” – емотивно раскажа Илина за Женски Магазин.

Фото/Принтскрин

Но официјално актерот и шоумен Џамбазов и нашата врвна алпинистка не се веќе заедно.

Во неговото последно интервју за Слободен печат, Џамбазов открива дека далечината си го направила своето.

Фото/Принтскрин

Да, тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов.

Фото/Принтскрин

И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, раскажува Игор за „Слободен печат“.

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close